Доколку сакате да стигнете до вториот состанок придржувајте се до овие правила.
Често ни се случува на првиот состанок, во жарот на разговорот, да кажеме по некоја лага или нешто што не би смееле. Ова се некои основни правила кои до кои би требало да се придржувате и никогаш не ги кажувајте на првиот состанок.
1. Колку деца сакаш? И одеднаш ќе се изгуби како облак од дим.
2. Сакам да се заљубам. Совршено, сега точно знае што да направи за да не дојде до тоа.
3. Колку заработуваш? Освен ако не барате спонзор, ова е ирелевантно.
4. Дали ќе ти смета ако се јавам на телефон? Ајде. Можете и подобро.
5. Мојот бивш и јас често доаѓавме овде, ова ми е омилено место. Звучи како да сакате вашиот бивш да е со вас.
6. Зашто си сингл? Дали навистина сакате да поставите вакво прашање?
7. Зашто заврши твојата последна врска? Погледнете горе.
8. Без навреда, но… Совет: Секој се навредува од ова.
9. Мојот бивш е тотално луд. Ова прави вие да звучите лудо.
10. Ух, не сум имала секс со векови! Ок, спуштете го пијалокот. Време е да си одите.
11. Дали обично така се облакаш? Не, не, едноставно не.
12. Мојот терапевт мисли дека имам проблеми со интимноста. ???
13. Ти си вегетаријанец? Чудно. Не е убаво да ги навредувате туѓите избори. Избегнувајте расправа за тоа како чизбургерот ве пали, како бифтекот е пратен од анѓелите. Дури и ако тоа е вистина.

You must be logged in to post a comment Login