Најновите модели на Карл Лагерфилд за Шанел на париската модна недела беа претставени на ревија чија сценографија ја сочинуваа рафтови од супермаркет.
Розевата, зелената и црвената боја се дел од веселиот колорит кој Карл Лагерфилд ги внесува во нашиот секодневен живот. Сепак, присутни беа и црната, сивата и металик бојата без кои нема да се може следната сезона.
Модерната Шанел жена изгледа гламурозно дури и кога пазари во супермаркет, па така совршено удобната облека без проблем беше комбинира со бисери околу врат и нагласен струк.
Патики во комбинација со панталони, хеланки, здолниште до колена или долг мантил, се неизоставен дел од оваа колекција на Шанел.

You must be logged in to post a comment Login