Иако ретко размислуваме на оваа тема, докажано е дека долната облека како и другите работи ја отрива мистеријата за вашата личност. Потсетете се за која боја најчесто се одлучувате кога купувате градник или гаќички и дознајте нешто ново за себе.
Црна
Вие сте практична, храбра, јака и амбициозна личност. Се стремите да бидете лидер во емоционалните врски, но понекогаш вешто ги криете емоциите, особено во собата за спиење.
Бела
Самоувереноста, смиреноста и озбилноста се ваши главни особини. Многу сте искрени и знаете да сакате. Во сексуалните игри сте прилично умерени, но и спремни да ја предводите играта.
Плава
Вие сте заљубени во љубовта, романтична душа. Имате чувство за мода, а во спалната соба можете да бидете разиграни и озбилни.
Црвена
Оваа страствена и енергична боја ја осликува вашата личност. Вие сте свесни за својата привлечност. Дел од таа добра карма е и благата драматичност која ја поседувате. Знаете како да задоволите, но тоа го очекувате и за возврат.

You must be logged in to post a comment Login