Ако ви е важно здравјето и убавината на вашите заби, а сакате да ги избегнете честите посети на стоматологот, дознајте кои намирници од вашата кујна ќе ви помогнат во тоа.
1.Јаболко
Самото џвакање на јаболкото помага во чистењето на забите. Во него ќе пронајдете висока концетрација на јаболкова киселина, која е состојка на многу пасти за заби. Таа помага во создавањето на плунката, која ги чисти забите и ги отстранува нечистотиите.
2.Ананас
Ова е единствено овошје кое содржи бромелин, состојка со противоспалително својство и способност за чистење.
3.Брокула
Стоматолозите велат дека џвакањето на брокула ги одржува забите чисти и здрави. Овој зеленчук е богат со влакна. Ако исхраната ви е богата со влакна, вие му помагата не организмот во борбата против воспаленија, вклучувајки и тие на усната шуплина.
4.Сирење
Сирењето ги одржува вашите заби здрави со помош на минералите, како калциум и фосфор, како и протеините кои ја чуваат глетка. Тврдото сирење ги чисти забите стимулирајки го производството на плунка.
5. Вода
За здрави и убави заби ви препорачување и плакнење на устата со вода. Ако ја пиете водата после оброкот ги измивате нечистотиите и го освежувате здивот.

You must be logged in to post a comment Login