Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Неколку вистини за првиот состанок: Сите играат некоја игра и критериумите лесно се менуваат

Пред да излезете на состанок треба да бидете свесни дека критериумите лесно се менуваат во зависност од тоа колку е привчечен. Успешниот состанок е и прашање на среќа, а многу од луѓето се склони на игри.

 

Критериумите никогаш не се фиксни

Иако повеќето веруваат дека знаат каков партнер сакаат, ретко кој се придржува на сопствените критериуми. Вистината лежи во тоа колку е привлечен, па ако е многу атрактивен и нема да ви пречи ако моментално е без работа. Ако не е и нема работа вие веднаш ќе му дадете “црвен картон”.

Успешниот состанок е најчесто прашање на среќа

Иако денес постојат бројни прирачници како да имате успешен состанок и како подобро да го запознаете партнерот, факт е дека колку тоа ќе биде успешно е индивидуално и сепак е во прашање среќа. Веројатноста да запознаеме некој кој ќе ни одговара и физички и карактерно не може баш да се искалкулира по формула. Она што може да ви помогне е да запознаете што поголем број мажи.

Никој не е “свој” на првиот состанок

Иако е фер да се прикажеме на првиот состанок онакви какви што сме, во човечката природа е втемелено дека сакаме да се претставиме на начин што ќе остави подобар впечаток, затскривајќи ја онаа страна што мислиме дека на партнерот нема да му се допаѓа.  Глумиме и затоа што сме свесни дека искреноста може да се протолкува како претеран труд, исповед или пренагласена отвореност.

Состаноците понекогаш завршуваат со разочарување

Одењето на состанок може да ви донесе и разочарување. Другата страна може да биде чудна, некултурна, непривлечна или едноставно да не ве интересира. Може да се сложувате во сѐ, а едноставно да нема хемија. Но, во тоа е и убавината на состаноците, после неклку лоши состаноци повеќе ќе го цените добриот состанок.

Сите играат игра

Кој тврди дека не игра љубовни игри – лаже. Поголемиот број луѓе внимаваат како се изразуваат, ги контролираат погледите, калкулираат кога да се јават на телефон. Ова е само дел од шармантната приказна околку запознавањето и не треба да се сфати како нешто лошо, туку како зачин за слатката неизвесност.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement