Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Како недостигот на сон ја нарушува вашата линија

Иако звучи премногу добро за да е вистинито, спиењето ни помага да изгубиме килограми. Квалитетен сон е важен дел од секоја програма за слабеење затоа што е многу важно да имате доволно енергија за да се изборите со напорниот тренинг. Ако сакате тенка линија, избегнувајте ги следните навики.

1. Спиењето не ви е приоритет

Истражувањата покажале дека личностите кои имаат помалку сон, внесуваат неколку стотина калории повеќе од другите. Причината за тоа е што се подолго будни, а и затоа што недостигот на сон влијае на хормонот кој го регулира чуството за глад. Ако квалитетниот сон го чувате само за викенди, го терате своето тело да бара повеќе калории одколку што му е потребно.

2. Никогаш немате квалитетен сон

Дури и ако заспиете на време, константното будење за време на ноќта може да направи да се осеќате стрестно и анксиозно, а со самото тоа ќе бидете склони кон прејадување. Помогнете си на себе така што ќе ја направите вашата спална соба покомфорна, исклучете ги електричните уреди 20 минути пред спиење и избегунувајте алкохол.

3. Јадете пред спиење

Ноќните грицки можат да ве опуштат и успијат, но ќе внесете и сериозна количина калории со оглед на тоа што не можете да ги согорите. Исто така е важно да не одите ни гладни во кревет, за да не се будите навечер.

4. Не вежбајте наутро

Ако утрото е единственото слободно време кое го имате на располагање за тренинг, размислете дали ви се исплати константно да го одложувате алармот на телефонот. Легнете порано за да се разбудите одморни за утринското вежбање.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement