Конзервираното овошје може да го зголеми ризикот од предвремена смрт. Две до три порции на ден сушено и свежо овошје помага во намалувањето на ризикот од смрт дури до 10 отсто, додека конзумирањето на конзервирано или смрзнато овошје го зголемува ризикот од смрт за 17 отсто, заклучуваат научниците.
Нучниците ги анализирале прехранбените навики на 65 илјади возрасни луѓе во Велика Британија во период од седум години.
Тешко е да се одреди дали ризикот од смрт го зголемува овошјето во смрзната или конзервирана форма или едноставно недостатокот на свежи плодови.
Познато е дека конзервираното овошје плива во фруктозен сируп, а претходните изтражувања поврзани со премногу фруктоза велат дека тоа предизвикува покачен крвен притисок, холестерол, покачување на телесната тежина, отпорност на исулинот.
Смрзнатото овошје, од друга страна по хранливите работи би требало да биде на исто ниво со свежото.
‘’Се додека нема додадени шеќери, смрзнатото овошје би требало да биде здраво или барем безопасно’’, вели Др. Сајмон Кејпвел, професор по клиничка епидемиологија на Универзитетот Ливерпул.

You must be logged in to post a comment Login