Некои жени се плашат кога нивниот дечко зборува со друга жена, а ако е атрактивна кај нив моментално се јавува љубомора. Доволно е само неколку пати да помислиме дека не сме доволно добри за нашите партнери.
Љубомората е здрава ако е во мали количини. Сепак, во помоголемиот број случаи таа се јавува во големи количини, оние кои не можеме да ги контролираме па почнуваме да пукаме по шавови. За да го спречиме нејзиното појавување, важно е да знаеме што се најголемите причинители на љубомора. Еве неколку размислувања.
“Што ако е поатрактивна од мене?”
Некои жени се плашат дека ако нивниот дечко зборува со друга девојка, а ако е и атрактивна кај нив моментално се јавува љубомора. Веднаш си прават сценарио и добиваат идеи како дечкото ќе ги остави за некоја позгодна, а таквото размислување со себе ја носи љубомората.
“Не сум доволно добра”
Доволно е само неколку пати да помислите дека не сте доволно добри за вашиот партнер и многу брзо ќе почнете да верувате во тоа. Ако така размислувате, својата несигурност ќе ја пренесете и во врската, а љубомората ќе се зголемува од ден на ден.
“Сите мажи се исти”
Ако еден дечко те изневерил, мислиш дека сите ќе го направат тоа? Секако дека ова не е точно, но ваквото размислување може да предизвика големи проблеми во врската бидејќи го осудуваш дека направил нешто што не е точно. Посесивноста е чест случај кај ваквото размислување, а жените кои се плашат дека сите мажи се исти потсвесно бараат дечко кој е сличен на претходниот, само за да ја оправдаат својата љубомора.

You must be logged in to post a comment Login