Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Какви девојки сака неговиот хороскопски знак

Дали вашиот карактер ќе го уплаши или ќе го воодушеви? Дознајте што велат ѕвездите…

Овен

Добро граден и секогаш опкружен со женскиот пол, Овенот има силен инстинкт да биде во центарот на вниманието. Кај жените сака женственост и разиграност, но нема да помине ни преку нивната интелигенција. Посебно цени доколку жената знае да комуницира во машко друштво и не се плаши од нови контакти. Романтичен е и добар љубовник, во пракса голем планер, па најлесно ќе му влезете под кожа доколку придонесувате за  реализација на плановите кои тој ги одредил. Вреден е, па лесно доаѓа до пари, но поради екстраваганцијата брзо останува и без нив.

Бик

Мажите од овој знак се доследни сами на себе и тежнеат кон практичност во различни животни ситуации. Многу се вредни, но сакаат нивниот труд да се препознае и почитува. Тврдоглавоста и сомничавоста им се главни маани, а често знаат и да ја покажат љубомората, како и посесивноста. Иако е потешко да ги заведете од другите хороскопски знаци, кога се во среќна фаза Биковите без компромис ќе ја бранат честа и сигурноста на својата избраничка, влегувајќи дури и во физички пресметки, ако има потреба за тоа. Знаат да се облечат и како да раководат со финансиите.

Близнаци

Интелигентен и комуникативен, овој маж во просек поминува низ повеќе предбрачни врски од останатите знаци. Шармантен е и спротивниот пол го сака, бидејќи веднаш го забележува неговиот хумор и позитивните вибрации. Сексапилни се и заводливи, но брзо се заситуваат и сакаат промена. Нивните жени мораат секогаш да смислат нови начини да ги забавуваат и да ги предизвикуваат, што не е секогаш лесно. Отворени се за туѓо мислење, но често премногу филозофираат околу сопствените ставови, што на крај остава впечаток дека се неодлучни.

Рак

Мажот од овој знак е потполно ориентиран кон семејниот живот, емотивен е и ѝ е предаден на својата партнерка. Силно е поврзан и со својата мајка, а подолгите патувања неизбежно ќе го направат носталгичен за дома. Често го менува расположението и е многу внимателен со парите. Слично се однесува и при изборот на жени, а ќе биде потребно и некое време за да ви се отвори. Иако е чувствтелен, подготвен е да бара убавина во сѐ што ќе види. Припадниците на овој знак сакаат добра гардероба, а често стануваат талентирани готвачи и писатели.

Лав

Харизматичен и желен за внимание, Лавот има огромна верба во своите способности. Оптимистичен и независен, лесно доаѓа во центарот на женското внимание и знае како да остане таму. Одговорен е во своите должности, но знае и да се однесува лошо кон неговите потчинети. Неизмерно тврдоглав, тешко го прифаќа поразот и неуспехот лесно го деморализира. Партнерката мора да ја разбере неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена на ласкање и охрабрување. Најлошото што можете да му го направите на Лавот е да го игнорирате и лесно да минете преку неговите достигнувања.

Девица

Практични и логични, мажите Девици често остваруваат кариера во науката и медицината. Секогаш на земја, ќе водат грижа за својата хигиена и изглед, а ќе ги забележат пропустите на тоа поле кај партнерката. Не се премногу отворени за покажување емоции, што не значи дека ги немаат. Среќни се кога жените ја почитуваат нивната интелигенција. Главна маана им е недостатокот на самодоверба и од партнерката очекуваат да ја докажува својата приврзаност. Но, исто така од нивната рационалност произлегува внимателноста и стрпливоста.

Вага

Атлетски градени и со добри комуникациски вештини, мажите Ваги се одлични љубовни партнери во многу области. Имаат смисла за хумор, талентирани се за шармирање, а нивната енергичност никогаш не поминува незабележано. Една од нивните големи доблести е способноста лесно да се подигнат од пепелта и храбро да ги возвратат ударите, дури и кога е сѐ безизлезно. Од друга страна, знаат да бидат површни, да се расфрлаат и да бидат опседнати со самите себе. Кај жените прво ќе бараат физичка убавина, а дури потоа доблести.

Шкорпија

Без оглед на физичкиот изглед, мажите од овој знак лесно ги заведуваат жените. Имаат силна желба за положба и контрола, а нивната таинствена природа нема никого да го остави рамнодушен. Парите, возбудата и статусот лесно ги мотивираат, но и покрај тоа можат да бидат екстремни во придржувањето до своите морални вредности. Тука спаѓа и верноста на партнерката која им се допаѓа. Гласините за несопирливиот сексуален апетит се преувеличени. Овие мажи едноставно уживаат во кревет, заедно со своите партнерки.

Стрелец

Машкиот Стрелец „пука“ од оптимизам и радост и секогаш гледа на убавата страна на работите. Подеднакво е успешен во професионалната кариера и во љубовните врски. Како вечно дете, не се грижи за својот изглед, а нема да замери ако партнерката го запостави. Речиси да нема ни трошка љубомора и посесивност во себе, а најмногу од сѐ ја цени слободата и довербата. Но, тоа му е воедно и маана. Знае да биде наивен, па премногу очекува од другите. Со искреноста често ги навредува соговорниците.

Јарец

Мајстор кога е во прашање професионалната кариера, Јарецот е интелигентен, успешен и истраен во своите планови. Вешт во заработувањето пари и остварувањето контакти, по природа е лидер кој лесно ги придобива другите за своите цели. Иако е зачудувачки емотивен, тешко ги изразува своите чувства. Јарецот ќе ја заобиколи жената која ја дели неговата амбицизност во широк лак, плашејќи се дека ќе ја загрози неговата економска положба. Зависни се од контрола, поради што внимаваат на изгледот и однесувањето во друштво.

Водолија

Припадниците на овој знак се стабилни и силни, со нагласена промисленост и желба да придонесат во општеството. Секогаш подготвени за сочувство, но затворени кога се во прашање нивните сопствени емоции, машките Водолии ѝ се тешко разбирливи на публиката од спротивниот пол. Поради тоа често знаат да завршат со постара, поискусна жена која има разбирање за нивните чести сонувања и склоноста кон тишина. Доколку живеат во опкужување без притисок, ќе знаат да ја возвратат љубовта.

Риби

Најсилна карактеристика на овие мажи е вродената интуитивност, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и кога сите останати знакови на хороскопот ќе ја свртат главата. Чувствителни се и бараат личност со која ќе им се спротивстават на сите неволји во животот. Малку се заљубени во себе и очекуваат жената да го направи првиот чекор во додворувањето. Привлечни се, но и верни. Сепак, чувајте се од нивната склоност кон лажење и лицемерие. Поседуваат голема доза на авто-деструктивност, па водете сметка за нивната самодоверба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement