Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Слаткo – солени летни фризури

Овие опции ќе ги засакаме толку многу, бидејќи тие се отпорни на влагата, лесни се за да се направат и што е најважно – ги привлекуваат погледите на мажите!

Предизвикувачка коњска опашка

Дадете и нов изглед на коњската опашка, со тоа што ќе ги превртите краевите и ќе дадете малку волумен на корените. Еве како:

Исушете ја косата , а потоа на централниот дел на темето одвојте прамен со дебелина од 5 cm . Остатокот затегнете го во висока коњска опашка (користете гумен стегач кој е доволно силен за да може малку да ја подигне косата на главата ).

Истапирајте го делот што го одвоивте, ” прочешлајте” со прстите, а потоа уште еднаш прицврстете со стегачот и закачете го на постоечкото репче.

Малку спреј за коса за воздушест изглед ќе биде доволен за крај.

Малата сирена

Витканата коса е хит за секое лето , но оваа година се повеќе се инсистира на нежни бранови од кадрици. За да го постигнете овој ефект:

Нанесете Мус за волумен на благо исушената коса, а потоа исушете ја со користење на рамна четка . Не провлекувајте низ косата енергично и јако – природните кадрици ( ако вашата коса е таква ) се она што е актуелно.

Замотајте околу 8 см дебели прамени на Фигаро. Колку прамените се поголеми толку кадриците се поблаги , а толку побрзо ќе ја извиткате целата коса. Кога ги навивате прамените на Фигаро избегнувајте го коренот на косата.

Завршете со апликација на силиконски капки.

Лента во косата

Шарениот шал околу главата е најлесниот начин, за на едноставниот изглед  да му дадете гламурозна нота.

Превиткајте ја марамата со јака боја неколку пати за да добиете лента со дебелина од околу 7 см. Превиткајте на краевите.

Чешлајте ја косата назад, а потоа заврзете ја марамата околу 5 см од челото (не повеќе од тоа, бидејќи марамата ќе паѓа од главата). Нека нејзините краеви се со иста должина.

ЕКСТРА СОВЕТ: Заврзете ја марамата под косата двапати. Заврзете го првиот јазол хоризонтално, а потоа вертикално. Вака марамата ќе ја задржи косата на место, а краевите ќе ги направи еднакви.

Кралица на плажата

Сакате да ја носите косата пуштена, но едноставно не можете да ги издржите прамените блиску до лицето. Не грижете се: “Со оглед на фактот дека косата е тргната од лицето, вие нема да морате да се грижите за тоа , а сепак ќе го задржите секси стилот. ” Како да го постигнете тоа :

Испрскајте ги полу-сувите краеви, со спреј за волумен, а потоа со тркалезна четка извиткајте ги краевите (едни кон внатрешноста, другите кон надвор ).

Истапирајте ја косата на темето, а потоа направете патец.

Исчешлајте ја косата на страна, а прамените навијте ги неколку пати и закачете ги над чешелот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement