Адолф Хитлер, човекот кој наредил убивање на милиони евреи, бил во врска со жената која можеби има еврејско потекло. Кога го извршиле самоубиството во бункеротпред крајот на Втората Светска Војна, Ева Браун била Хитлеровата љубовница цели 12 години и негова сопруга нешто повеќе од 40 часа.
Баш поради тоа што се познавале долго, изгледа таа ја чувала нејзината круцијална фамилија од фирерот. Ева времето го поминувала повлечено во неговата резиденција на Алпите, каде е и пронајдена четка за коса за која се претпоставува дека е нејзина. Со ДНК анализа утврдено е дека од линијата на мајката постои еврејско потекло, односно потеклото води до групата Ашкреназа, од кои потекнуваат дури 80 проценти од евреите.
Иако научниците биле сигурни дека е во прашање на четка за коса на Ева Браун, која инаку имала и нејзини иницијали, за официјалните резултати би требало да се тестира нејзината наследничка, но таа одбила, така да потеклото на познатата љубовница можеби засекогаш ќе остане мистерија.


You must be logged in to post a comment Login