Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да излезете од модната рутина

Ги мразите повеќето работи во вашиот плакар и воглавно носите се исто? Еве ви решение…

Веднаш ќе ви ја кажеме суровата вистина: Ако сакате да се оттргнете од модната рутина ќе морате да инвестирате во нови парчиња облека/ Тоа секако бара време и пари ама кога еднаш ќе се помирите со овој факт, понатаму е лесно.

Fashion skаn на вашиот плакар

Прегледајте го плакарот и издвојте ги омилените парчиња што немораат да бидат оние кои најчесто ги носите. Значи, обрнете внимание на тоа што сакате да носите или ви се допаѓа како изгледате во него.  Пробајте да најдете заедничка црта на сите издвоени парчиња облека – дали се сличен крој, боја, стил? Запичете се што ви се допаѓа кај нив.

Се она што не го носите, од било која причина, поклонете го некому или продајте го преку Интернет. Тоа може да биде мал, но битен  придонес во буџетот за нова облека.

Паметна шопинг листа

Замислете дека имате неограничен пристап до облека и додатоци од целиот свет. Со што би ги искомбинирале вашите омиолени парчиња облека за да можете да ги носите секој ден? Немате идеја? Прелистајте ги внимателно модните часописи и веб страни. И не само тоа туку одете и на страните на луксузните брендови и погледнете ги нивните нови колекции. Нема врска што таа гардероба ви е недостапна, едиторијалите и фотографиите можат да ви послужат како инспирација за нови начини на комбинирање, бои, материјали и кроеви кои можете да ги побарате во подостапна варијанта.

На овој начин лесно ќе направите список на работи кои ви се потребни.  И слободно бидете прецизни – напишете кое парче облека ви треба, во која боја и како би можеле да го комбинирате со повеќе работи кои ги имате. Последно што сакате е да купите сако речиси идентично со она што веќе го имате, без обзир дали сакате да го носите или не!

Кога ќе направите детален список на желби, одберете ги најпрво оние кои ви се најпотребни и почнете од нив, бидејќи (најверојатно) нема да бидете во можност да купите се што ќе ви паднало на памет.

Модна патрола на терен

Тргнете во потрага. Побарајте онлине продавници, издвојте едно попладне за лутање по трговските центри, без обврска нешто да купите. Запишете што сте виделе од она што го имате на вашиот список. Споредите ги цените и квалитетот. Ако купувате важни и трајни парчиња нека не ви биде жал да одвоите малку повеќе пари, секако ако сте сигурни дека тоа е она вистинското. Кога ќе завршите со една ставка продолжете на следната.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement