Фобијата претставува посебен облик на страв кој се поврзува со одредени објекти, ситуации, места или активности. Личностите кои доживуваат фобиски страв, свесни се дека тој не е реален, нелогичен па дури и претеран.
Статистиките покажуваат фобиите најчесто се јавуваат кај жени, а наголем број, симптомите ги развиваат помеѓу 20-30 години од животот. До денес се опишани и проучени околу 200 фобии, но некои сметаат дека ги има околу 500. Ситуацијата или објектот може да биде и ирационален, па затоа бројот на фобии е невозможно да се одреди.
Кога личноста која пати од фобија доаѓа во контакт или знае дека во скоро време ќе дојде во контакт со работите или ситуациите од кои се плаши, развива акутни физички симптоми. Анксиозноста може да се презентира во многу симптоми, а различни луѓе имаат различни симптоми. Симптоми на напад се : брзо чукање на срцето, губење здив, болка во прстите, сцрвенување, сува уста. Искуството може да биде многу неубаво, интезивно, до толку што оној кој пати, може да мисли дека преживува срцев удар. Некои личности имаат толку панични и екстремни реакции, што целата ситуација им изгледа како да се само набљудувачи на сето тоа т.е на својата панична реакција.

You must be logged in to post a comment Login