Внатрешниот часовник најдобро реагира на кафе околу девет саатот, потврдило едно истражување.
Најдобро е да се пие кафе помеѓу 9:30 и 11:30 во утринскиот период, или во 17:30 и 18:30 во попладневниот период, бидејќи нивото на кортизол, хормонот кој ја зголемува будноста тогаш е најнизок.
Кортизолот делува со кофеинот па би требало да припазите на времето во кое го пиете кафето. Луѓето пијат кафе во периоди кога нивото на кортизол е највисоко, а со тоа се создава поголема отпорност кон кофеино.
Колку е нивото на кортизол поголемо толку е поголем ризикот од одпорност на кофеин. Тогаш кафето веќе не делува, па на телото му е веднаш потребна додатна шоља кафе или појак напиток за да се разбуди.
Исто како што не треба да се претерува со лековите, така не треба да се претерува и со кофеинот. Треба добро да се темпира, а не да се пие кога телото е најбудно бидејќи ќе дојде до контраефект.

You must be logged in to post a comment Login