Српската трендсетерка Маријана Матеус стана омилена дизајнерка на R’n’B дивата Бијонсе Ноулс
Една од најголемите ѕвезди во светот на шоу-бизнисот Бијонсе е воодушевена креациите на српската модна дизајнерка Маријана Матеус и донесе одлука дека од сега па натаму ќе се појавува само во фустаните на српската дизајнерка како на спотовите така и на црвениот тепих.
– Сум носела креации на најпознатите модни креатори во светот. Сепак, само Маријана, со своето искуство како мајка и сопруга, совршено знае како да ги нагласи моите облини и сексипилот. Мојот сопруг Џеј-Зи изјави дека тој забележал дека јас никогаш не сум изгледала подобро – напиша пејачката на својот Фејсбук профил.
Со оглед на тоа г-ѓа Матеус неодамна ја затвори својата продавница во центарот на Белград, а нејзините колекции беа претставени на модните ревии во Лондон и во француските бутици, се претпостави дека Србија е премногу мал пазар за неа.
Американските медиуми шпекулираат дека планира да започне соработка со “House of Deréon” модната куќа сопственост на Тина Ноулс, мајката на Бијонсе, а потоа да се претстави во големиот “М М “моден центар во Њујорк.



You must be logged in to post a comment Login