Сигурно барем еднаш во животот сте осетиле што значи да бидеш љубоморен –и тоа не само кога се во прашање љубовните односи. Можеби сте биле љубоморни на најдобрата пријателка или колега од работа. Како и да е, постојат моменти кога сепак е дозволено да се биде помалку љубоморен.
На работа
Очекувате унапредување или покачување, а тогаш сфаќате дека сетот тоа го добил некој друг, иако знаете дека сте завршиле одлична работа. Секако дека ќе бидете љубоморни и тоа е сосема нормално. Но не смеете да дозволите потполно да ве обземе, туку напротив љубомората да ја претворите во мотивација.
“Запрашајте се што е тоа што колегатта го направил подобро од вас или што вие не сте направиле. Љубомората ви кажува дека уште нешто можете и морате да подобрите” кажува психологот Марсија Рејнолдс.
Пријателство
Пријателката има нов дечко и нема веќе време за вас. Треба да бидете среќни ако вашата пријателка има некој. Сепак, ако во целата ситуација сте оставени на страна, малку љубомора е сосема оправдана.
“Љубомората во овие ситуации претставува страв дека некој друг ќе го замени вашето место и тоа е во ред да го признаете. Нема потреба од тоа да правите драма, туку на пријателката да и објасните како се чуствувате во неформален разговор. Немојте да ја нападнете, туку направете таа сама тоа да го сфати” кажува Рејнолдс.
Тој и друга жена
Ова посебно важи во ситуациите кога вашиот партнер ужива во флертување. “Љубомората не е секогаш поради нас самите. Често нашиот партнер не провоцира до тој степен да станеме луди од љубомора. Сепак љубомората не мора да биде негативна. Можете да научите многу од тоа, како на пример да се запрашате зашто така се осеќате, дали сакате нешто повеќе од врската и слично”, кажува психологот. Малку љубомора може да биде добра за вашата врска.

You must be logged in to post a comment Login