Прашање: Сите мои другарки зборуваат за фустаните кои ќе ги носат на матурската вечер, а јас не сакам фустани – не сакам да облечам фустан ни за матурската вечер. Ве молам, дајте ми неколку предлози: што би можела да облечам за да изгледам елегантно и свечено, а тоа да не биде фустан?
Одговор: Доколку воопшто не носите фустани, најдобро би било да облечете нешто друго – најважно е во текот на матурската вечер да се чувствувате убаво. Би можеле да искомбинирате елегантни, убаво скроени панталони со свилена блуза во интересни бои. Друг предлог е елегантен комбилизон. Спој од убава вискоза и убав крој ќе изгледа подеднакво свечено како и фустан. Било кој предлог да го одберете, потполнете го со високи потпетици и атрактивен накит.



You must be logged in to post a comment Login