Шпиц чевлите повторно се вратија во мода. За тоа сведочат и холивудските дами кои за црвениот тепих го избираат исклучиво овој модел чевли.
Згодните актерки, пејачки и фотомодели, се ‘навлечени’ на овој модел чевли со потписот на брендот Jimmy Choo. Всушност, овој модел возуелно ја издолжува ногата и ја прави секоја комбнација префинета и секси.
Со оглед на големиот интерес, Jimmy Choo во склоп на својата нова колекција извади безброј различни модели. Но, најголема популарност стекнале оние со сребрена потпетица, кои одговараат на секоја комбинација.
На овој модел му станаа верни Алесандра Амброзио, Ева Лонгорија, Кристен Стјуарт и многу други.







You must be logged in to post a comment Login