Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што сонувате? Објаснувања на 10-те вообичаени соништа

Соништата ни помaгаат да ги обработиме нашите свесни размислувања и можат да ни обезбедат важен увид во проблемите и предизвиците со кои се справуваме. Иако можеме да сонуваме и многу чудни и невообичаени соништа, постојат и такви кои многу од нас ги сонуваат многу често. Прочитајте објаснувања за некои чести соништа.

1)      НЕ ВИ РАБОТИ ВАШИОТ МОБИЛЕН, АВТОМОБИЛ ИЛИ НЕ МОЖЕТЕ ДА СИ ЈА НАЈДЕТЕ СОПРУГАТА

Овој сон ги предупредува оние нешта во вашиот живот на кои им треба поправка или е потребно веднаш да реагирате. Ако сонувате дека не ви работи мобилниот телефон, на пример, размислете за вашата комуникација со околината. Дали ќе направите нешто за да се пренесе пораката на позитивен начин?

2)      ПАРИ

Парите во соновите ги симболизира оние вредности кои ги цените и ви се важни во животот. Ако сонувате дека одеднаш сте добиле голема сума на пари, тоа значи дека знаете јасно да ги препознатите вредностите во животот. Ако, пак, сонувате дека сте загубиле пари, можеби поминувате низ период кога ја барате смислата на животот.

3)      ПОВТОРНО ВО УЧИЛИШТЕ, ИЛИ СТЕ ПАДНАЛЕ НА ИСПИТ?

Ова значи дека во вашиот живот постои предизвик, а се плашите дека нема да бидете во можност да одговорите на него. Или можеби се чуствувате дека  дека се движите наназад и не е сте на висина на задачата. Или можеби чувствувате дека ве набљудуваат и ја оценуваат вашата работа од некој кој е над вас на некој начин.

4)      ВИЕ ИЛИ ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СТЕ БОЛНИ ИЛИ СТЕ НА УМИРАЊЕ

Можеби пред вас е период на големи промени, кога некој дел од вашиот живот едноставно исчезнува или си оди. Овој сон ќе ви помогне да го “вежбате” чувството на загуба. Ретко, се случува таквите соништа да  предвидат нечија смрт или болест, но можеби не е лоша идеја да обрнете малку внимание на здравјето.

5)      НЕКОЈ ВЕ БРКА

Овој сон значи дека чувствувате дека носите голем товар на одговорност. Тој е исто така познат како “стрес сон”, кој ви кажува дека е време да се забави малку.

6) ЗАБИ

Сонувате дека имате убави заби, или забите ви паднале. Забите го претставуваат времето и зрелоста. Состојба на забите во вашиот сон обезбедуват информација како да ги третирате овие важни животни прашања.

7. ГОЛОТИЈА

Соништата во кои вие или некој друг, сте голи се однесува на чувството дека сте премногу ранливи. Можете да мислите дека другите ги знаат сите ваши проблеми, што мислите и чувствувате, и тоа ви пречи ..

8) ПАЃАТЕ, ЛЕТАТЕ, ИЛИ ТОНЕТЕ

Менувањето на правецот, без разлика дали одите нагоре и надолу во сонот, покажува каде се наоѓа вашата свест за реалноста. Соништата со паѓање или потонување симболизираат период кога сте повеќе свесни за вашето несвесни  или ве измачува вашиот внатрешен свет. Соништата во кои летате значат дека работите на истражување себе, или контактирате со царството на духови, ангели и други енергии.

9) ВОДА

Некои емоционални состојби или искуство се многу важни за вас во вашиот живот. Сега е добро време да се обрнете внимание на вашите чувства и имагинација, соништата и фантазиите. Каква е водата – ураган и бури тогаш се работи за турбулентни чувства, додека, од друга страна, спокојните текови или езера, претставуваат дека се движите низ мирен период.

10) ДОЦНИТЕ НА АВИОН, БРОД, ВОЗ …

Превозните средства во соништата ја симболизираат вашата способност да бидете мобилни и активни. Ја претставуваат вашата желба, волја, и вештина за да ги постигнете целите. Кога доцните, тоа може да значи дека имате проблем со пронаоѓање на мотивација за да се направи промена или движење во животот.

Научете како да го протолкувате сонот, и поголемиот дел од пораките што ги испраќаат соништата:

1.Имајте тетратка покрај вашата глава и запишувајте ги соништата.

2. Прочитајте го она што сте го запишале еднаш неделно и подвлечете ги симболите и ситуациите кои се повторуваат.

3. Користете ги овие информации за да ја пратите вашата тековна емоционална состојба

4. Обидете се да ги идентификуваат симболите (автомобили, заби, вода) кои се јавуваат во вашиот живот, во реалноста, кои често се повторуваат, и природата на вашата врска со овие симболи. Дали има некој преклопување помеѓу сонот и јавето?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement