Пролетните знаци имаат убави линии на лицето, припадниците на летните знаци – убав тен и бујна коса, есенските се карактеризираат со секси движења, а зимските со атрактивна фигура. Откријте ја врската меѓу годишното време и убавината.
Овен
Припадниците на овој знак спаѓаат во пролетните знаци кои се истакнуваат со убави црти на лицето. За нив се карактеристични високо поставени, тесни фацијални коски, широко чело, румени образи, пропорционално тело со просечна или подпросечна тежина. Најчесто имаат темна коса, истакнати веѓи и очи кои можат да бидат блиску поставени.
Бик
Како и Овните, така и припадниците на овој знак имаат пријатни линии на лицето. Главна карактеристика им се големите очи кои делуваат невино, па дури и детски. Усните обично им се полни, забите помали и рамни, а имаат и густа коса со ниско чело. Вратот им е прилично широк, телото складно, а критичен дел им е стомакот.
Близнаци
И овој пролетен знак има нежни црти на лицето, а се препознаваат по разиграната и заводлива насмевка. Имаат просечна или натпросечна висина, изразена брада и високо поставени јаболчници. Делуваат младолико, а долгите прсти се типични за нив.
Рак
Припадниците на овој летен знак најчесто имаат беспрекорен тен и убава коса. Очите обично им се раздалечени, а имаат благи црти на лицето. Почесто се витки, отколку крупни, со подолг труп и пократки нозе. Обично имаат тркалезно лице, истакнато чело и мали очи, додека носот обично им е испрчен.
Лав
Како и Раковите, припадниците на овој знак често имаат убава коса и тен. Косата им е најчесто густа и потемна, очите им се кафени или зелени и крупни, додека лицето им делува гордо, поради што оддаваат впечаток дека се полни со самодоверба. Носот им е истакнат, а усните им се полни повеќе од просечно. Обично се високи над просекот, со тесен струк и долги нозе.
Девица
Како и Лавовите и Раковите, Девиците се познати по чистиот и убав тен, а обично имаат тркалезно лице. Истакнатите усни имаат малку облик на пупки, а очите им се изразени и имаат средна големина, со надворешниот агол подинати нагоре. Лицето им е прилично симетрично, а телото им е склоно кон дебелеење, особено во горниот дел.
Вага
Овој есенски знак често има елегантни движења на телото и прави исто такви гестови. Почесто од припадниците на другите знаци има дупчиња по образите и овално лице. Устата им е убаво обликувана, а главата и лицето најчесто им се помали од просечните. Носот е потенок, но може да биде долгнавест, а косата е средно густа или поретка. Познати се и по тоа што имаат многу истакнато лице.
Шкорпија
Шкорпиите, како и Вагите, имаат елегантни движења, а препознатливи се по нагласените црти на лицето и цврстата вилица. Очите им се големи и често хипнотизирачки, во необични нијанси. Кожата им е малку помрсна, а телото витко, но без изразени мускули.
Стрелец
Припадниците на овој знак се како и Шкорпиите и Вагите, познати по вродените секси движења. Изразот на лицето често им делува невино, а главата е малку поголема од просекот. Челото е нешто повисоко и големо, а насмевката е широка. Фигурата им е поситна, имаат поцврсти нозе. Косата не им е многу густа, а обично е прошарана со пепелкасти и кафени нијанси.
Јарец
Овој зимски знак се карактеризира со сексапилна фигура. Лицето им е изразено, а очите големи и често сиви, зелени или сини. Поради мирниот поглед и изразените очи, личат на сонувачи. На нив се истакнуваат развиените и убави раце, како и високо поставените јаболчници.
Водолија
Претставниците на овој знак, како и Јарците, се препознаваат по привлечното и мускулесто тело, особено во помлада возраст. Цртите на лицето им се нежни, очите се поставени блиску и сјаат. Најчесто имаат усни кои се полни во средниот дел, а се истенчуваат кон рабовите. На некои носот им е поголем од просекот. Карактеристични се и по ковчестите рамења.
Риби
Како и Јарците и Водолиите, Рибите имаат атрактивна фигура. Лицето им делува деликатно и полно, со малку женски црти, дури и кај машките припадници на знакот. Екстремитетите им се обично пократки. На постара возраст се склони кон дебелеење. Косата обично им е густа и благо извиткана, а горниот дел од телото им е пократок.

You must be logged in to post a comment Login