Најскапото куче на светот е тибетанскиот мастив кој неодамна е продаден за еден и пол милион долари. А еве и зашто…
Некогаш оваа раса живеела во подножјето на Хималаите и била многу јака и храбра. Кучето поседувало ароганција на крал и лојалност на господарот.
Се смета дека ова куче постои 5000 години и на некој начин е легенда. Секогаш важеле за храбри и борбени кучиња. На некој начин станале тотеми, луѓето ги обожаваат поради нивната силна волја, интелегенција и истрајност.
Тибтенскиот мастиф, најверојатно настанал од раса како што се бернардинецот, данската дога и њуфаундлерот. Денес овие кучиња, ретко се гледаат надвор од тибет, и се мисли дека тие се реинкарнација на тибетанските свештеници.
Неодамна е продаден единаесет месечен црвен тибетантски мастиф, под име Големата флека или Хонг Донг, за еден и пол милиони долар на еден кинески богаташ.
Овој посебен мастиф, претставува совршен примерок, а претходните сопственици, кажуваат дека само за неколку години може да си ги повратат вложените пари.
Меѓутоа, кинескиот богаташ го има купено само како статусен симобл и ќе направи се за тој да живее како што доликува на крал.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VSF-UX_W63s


You must be logged in to post a comment Login