Овенот ужива во кафеана како риба во вода, Бикот би сакал да имам свој кафе бар, на ракот омилена кафеана му е друга куќа.
Овен
Иако е Овен, ужива во кафеаната како риба во вода , без оглед на причината зошто е таму. Кога ќе испие малку повеќе(а тоа не му е тешко), почнува да се однесува многу директно кон претставниците на поубавиот пол. Иако фокусот му е на женскиот род, го забавува целото друштво кажувајќи шеги.
Жената Овен е главна во барот, нарачува двоен пијалок за целото друштво, а одговорна е за музиката, нарачувајќи песни.
Бик
Бикот најмногу би сакал да има своја кафеана , што и не е така ретко , но ако ја нема, тогаш има свое омилено место каде што го знаат сите, од келнерите до продавачите на цвеќе. Ја собира музиката околу неговата маса и не им дава да заминат(но богато ги части), нарачувајќи песни , и угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.
Женскиот Бик ужива во кафанскиот амбиент, сака да запее, па караоке забавите во некој ресторан на брегот на реката е совршен за неа.
Близнаци
Со Близнаците во кафеана можете најдобро да си поминете, без оглед на тоа дали таму ќе одите како љубовен пар, пријатели или познаници кои само што се запознале. Човекот роден во овој знак знае како да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитираат, пеат, танцуваат и го забавуваат друштвото.
Жената Близнаци е секогаш во друштво на помладите, не го држи својот партнер на око, бидејќи таа обично не е љубоморна и се забавува како дете (или подобро како големо девојче).
Рак
Иако најмногу го сака својот дом и семејството, за Ракот вториот дом , е неговиот омилен паб или кафеана, бидејќи никаде на друго место не може толку да се релаксира со една чаша, во разговори со пријателите, кога ќе запее , заигра и така натаму се до доцните вечерни или раните утрински часови.
Женскиот рак сака да се фати на орото или да танцува танго, бидејќи сака да се релаксира и тоа најмногу со пријателките, а кога е со љубовниот партнер , гледа во него како никој друг да не постои.
Лав
Лавот е кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави – Лавот знае како да организира во својата омилена кафеана или кафе бар, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчат веднаш штом ќе го забележат за да му ја отворат вратата.
Лавицата , е атрактивна и провокативна , прво ја снима ситуацијата во барот и го испитува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. И тоа секогаш кога сите очи се кон неа, кога таа е на подиумот , бидејќи таа знае дека тогаш е неодолива.
Девица
Роден за забава и релаксација, а кој би рекол, кога машката девица е така љубезна и воздржана? КОга малку ќе се напие, атмосферата почнува да се загрева , тој е оној кој нарачува тури на пиење за сите, им досипува пијалок на сите и го подигнува нивото на расположение во моментот кога сите губат здив.
Тогаш Девицата стапува на сцена , се буди нешто во неа, и потоа се случува да заигра на маса или шанк. Женската девица ќе глуми дека се работи за нејзината сестра близначка која таму минатата ноќ, лудувала “, а не таа.
Вага
Боем, џентлмен, хедонист – машката Вага не може без уживање со пријателите во кафеаната( најотмениот ресторан). Тој инсистира за да ја плати сметката , се грижи сите чаши да бидат полни, музиката да биде единставено на неговата маса, а за тоа богато ги части.
Рафинираната женска Вага избира ексклузивни ресторани за партија озборување со пријателките, а сплавовите со музика, каде што се останува до зори, кога ќе одлучи да оди во штета. Зад нејзината воздржана појава, кога ќе се појави желбата за забава , Вагата жена не гледа на часовникот.
Шкорпија
Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Шкорпијата ужива во кафанската атмосфера , преправајќи се да не го забележува лицето кое ја јаде со очите. Не ви дозволува да ја напуштите забавата, кога вие сакате , но кога таа ќе во дозволи.
Жените Шкорпии го бираат ресторанот, знае “машки” да испие или е тотален антиалкохоличар . Сепак, ова не ги спречува да уживаат во флертувањето со мажи со позиција или со подлабок џеб , бидејќи нејзиниот додворувач не може да биде било кој.
Стрелец
Тој сака кафеани, но некои на глас, во централното градско подрачје , каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него, бидејќи машкиот Стрелец е фаворизиран од страна на сите . Знае како да започне разговор на жешка тема, но знае како да се контролира, и кога пијан, не прави скандали.
Жените Стрелеци се навидум успешно се вклопуваат и со машките и со женските гости во кое било друштво и во секоја кафеана, но сакаат промени и да пробаат нови ресторани, бидејќи се авантуристи во срцето.
Јарец
Жената Јарец, за разлика од длабоко вкоренетото мислење дека само работи , работи и работи , е стегната и воздржана, знае како да се релаксира во кафеанскиот амбиент, со црвено вино и добра музика, а ќе заигра со задоволство.
Јарецот маж, кој навидум срамежлив и расеан во кафеаната останува до раните утрински часови и не дозволува другите да си заминат порано, така што некои пријатели не можат да го препознаат , особено ако тие биле неговите колеги.
Водолија
Кој кога и да дојде, е добредојден дома или во кафеана. Бидејќи Водолија не прави разлика , со обзир дека нејзиниот дом го доживува како преноќиште, кафеаната ја обожава , поради тоа што во неа има се она што таа го сака, а тоа е пиење и флертување со жени со сомнителен морал (ах, како тие му се интересни, особено кога ќе му седнат во скут ).
Водолијата жена знае како да ја поздрави зората во своето омилено кафуле со пријателите, додека нејзиниот сакан дома да игра компјутерски игри.
Риби
Толку убаво се чувствуваат во кафеаната , особено со своите пријатели момчиња, бидејќи тие веќе знаат и што е тоа, што сака да се напие, кој колку може да се напие, и каков вид на музика кој сака да слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога тоа е толку убаво, како во друг свет од неговата имагинација.
Жената Риби сакаат дискретно место, во близина на реката , можеби , со врвна послуга и господин до себе кој скока на секој нејзин знак, па од неа треба да се научи вештината на заведување и боемската атмосфера.

You must be logged in to post a comment Login