Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Легендата која ја откри рецептот за кефир: Напиток кој носи долговечност!

Лековитите своиства на кефирот се многубројни, но најдобро да го направите сами затоа што индустрискиот нема квалитет како природниот.

Кефирот е вкусен и хранлив млечен напиток со потекло од Кавказ. Према традицијата, зрнцата и рецептот за нивната припрема староседелците ја добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заклетвата да ги чуваат во тајна.

Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста воглавно се должи на секојдневното уживање во овој лековит напиток, навистина со векови љубоморно го чувале рецептот за спремање на кефирот. Поточно, се до моментот кога во приказната не се приклучила љубовта.

За жал, несреќна љубов, барем според еден сведок на приказната,, раскажува Бек-Мирза Барчоров. Во почетокот на 20-от век преубавата русинка Ирина Шакхарова одлучила да го посети го посети во Кисловодск, град во северен Кавказ,со намера да го заведе и да извлече од него неколку скапоцени зрнца за правење кефир.

Првиот дел од планот целосно успеал, но не и вториот, затоа што заљубениот принц од страв дека го прекршил верскиот закон, добил на Ирина да и ја исполни желбата, после што разочараната лепотица со незавршена работа се вратила назад.

Принцот меѓутоа, немал намера да ја остави да се оддалечи, па во склад со локалните обичаи, наредил грабнување на невестата.
Сепак, свадбата пропаднала  откако придружниците на Ирина го известиле царот за скандалозните планови на принцот.

Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил на принцот да и поклони чаша со зрнца од кефир како би се исправил за грешката и навредата што и ја нанел. И така почнало се.

Од тогаш па навкаа, кефирот постепено се проширил низ целиот свет, а со текот на времето, многу луѓе се увериле во неговите лековите својства.
trudnica-i-mleko-1395835823-31100
Лековити своиства на кефирот

Тој вкусен освежувачки киселкас пиалок се спрема од таканаречени кефирни габи, иако всушност се работи за симбиоза на корисни бактерии и габи.

Искуството покажува дека кефирот позитивно влијае врз здравјето, тој лечи и помага при лечење на многу болести и тешкотии.

Редовната кознумација на кефир го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од токсини, помага да се воспостави нормален крвен притисок, ниво на холестерол, помага кај болести на желудникот, ја обновува флората и ублашува болеста на цревата.

Кефирот е добар и во спречување на болести на јетрата, бубрегот и жолчката, лечи воспалени процеси (тој е природен антибиотик) помага кај слабокрвноста и славата циркулација, лечи респираторни болести, помага кај стресот, несоница и болести со нервниот систем.

Припрема на кефирот

Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не е создаден со помош на кефирните габи, него со хмељ и корисни бактерии кој на напитокот му го даваат истиот вкус, но не и квалитет.

Од таа причина, најдобро е кефирот да го припремите дома. Начино е многу едноставен. Потребни ви се само млеко и габи,односно зрнва од кефир.

Традиционално, за спремање на кефирот не се користи метален прибор, затоа што можат да го поништат лековитото дејство на пијалокот.

За пола литар кефир потревни се две лажички зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо).

Млекото може да биде сварено или не, но не смее да биде топло. Се препорачува млекото да содржи помалку од 2,8% масленост – што помала е масленоста во млекото, толку подобар ќе биде кефирот.

Приготвување

Млекото ставете го во стаклен или пластичен сад. Додајте ги зрната. Поклопете (може со чинија), и оставете го на собна температура 24 саатии. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени.

Во рок од 24 саати млекото ќе се згусне. Можете повремено да промешате како би ја провериле густината.
Потоа, потребно е да го процедите, (се препорачува да се користи пластична цедилка), преточете го во шише и чувајте го во фрижидер.

Габата од кефирот потревно е да ја измиете со ладна или млака вода и ден или два да ја оставите во фрижидер, во ладна вода или млеко.

Каде да најдете кефирна габа?

За жал кефирна габа не можете да набавите во маркетите. Можете да ја земете од некој кој веќе ја има. Кефирната габа брзо се размножува, па не е проблем да ја споделите со другите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement