Психолозите од Нортисем универзитетот од Чикаго докажале дека силното чувство на љубов не прави толку еуфорични да нашата состојба може да се спореди како со прво конзумирање дрога, односно моментите кога особата се чувствува “high”.
Кога луѓето се вистински заљубени, единствено размислуваат само на партнерот. Ако саканата личност ја нема во близина, чувството сза желба за неа е идентична како кај наркоманот кој по секоја цена мора да дојде до својата доза. Како времето проаѓа, чувствата почнуваат полека да бледат, баш како развојот на толеранција на дрога, така да близината на партнерот веќе не е доволна за постигнување на екстаза. Од друга страна, со прекинување на врската доаѓа до криза која се јавува кај зависниците кога не се во можност да дојдат до наркотици.
Хемиската супстанца одговорна за феноменот на заљубеност е допамин, а дел од мозокот кој тогаш се активира се вика мезолимбички допамински систем. Мозокот го користи овој невротрансмитер да ги регулира психичките функции и да комуницира со телото. На тој начин дејствува на психичката и физичката благосостојба, односно го стимулира метаболизмот, го поддржува системот за циркулација, ја отстранува депресијата и го подобрува протокот на информации во мозокот.

You must be logged in to post a comment Login