Гучо Гучи започнува како имигрант, прво во Париз, а потоа и во Лондон, а по неговото враќање во родниот град , станува еден од најдобрите кожари. Рачките на торбите од бамбус, пругастиот каиш и кожните мокасини кои ги лансираше, засекогаш оставаат белег во модниот дизајн.
Човекот со чија заслуга постои денес познатата модна куќа Гучи, Гучи Гучо, е роден пред 133 години – 26 март 1881 во Фиренца.
Како имигрант во Париз, а потоа во Лондон, тој работел во ексклузивни хотели и таму својата ја пронашол својата инспирација набљудувајќи го луксузнииот багаж на богатите гости. По враќањето во родниот град , тој во 1920, ја основал својата продавница, за продажба на фина кожна галантерија со класичен стил.
Гучи станува еден од најдобрите кожари, и во неговата продавница се продаваат рачно изработени седла и торби за јавачите на коњи. Првиот бутик го отвора во Рим, а заслужен е и за неколку брендови како што се рачките за торби од бамбус.
Педесеттите го лансира добро познатиот пругаст каиш, а потоа и кожните мокасини кои до ден денес, останаа речиси непроменети. За време на Втората светска војна, компанијата изработува чанти од памучно платно, наместо од кожа, поради недостигот од материјали. Сепак, неговите производи се разликуваат од другите по потписот, двете Г букви, кои се преклопуваат како во огледало.
Оваа модна куќа беше проширена во 1953, со основање на канцеларии во Њујорк, а по неговата смрт, компанијата беше заеднички предводена од неговите синови и внуци, што оваа империја ја доведоа до работ на банкрот. Сепак, во 1989, на чело на компанијата доаѓа Даун Мело, под чија рака оваа компанија повторно се издигнува. Тој во 1994, го ангажира познатиот дизајнер Том Форд, кој на модната империја им ја враќа поранешната слава.
Денес, креациите на компанијата Гучи ги носат најпознатите личности на светот и е една од водечките модни куќи во светот.




You must be logged in to post a comment Login