Социјалната мрежа Фејсбук објавила дека ќе присвои уште една компанија. Во прашање е проект на виртуелна реалност, Oculus Rift, кој почнал како проект на Kickstarter, а сега Фејсбук за него ќе плати две милијарди долари. План е со заеднички сили да направат револуција на ова поле.
Oculus Rift е сеуште во развој, но веќе наишол на големо одобрување од играчите, каде до сега се нарачани преку 75.000 прачиња од овој уред.
По видео игрите, Oculus Rift ќе стане платформа која ќе понуди многу повеќе. Замислете да седите дома, а имате чувство како да сте во училиште на час или отидете во виртуелна продавница во која ќе можете да допрете и да проучите производите кои вас ве интересираат, со едноставно ставање на очилата. Покрај ова, посебност на овој уред се крие во можноста да осетите како изгледа да бидете во тело на друга личност.
Мал детал како што е можноста да се гледате со некој очи во очи во реално време, ќе ви овозможи чувство како да сте покрај таа личност, поблиску отколку било каде претходно.



You must be logged in to post a comment Login