Атрактивните жени не би требало да праќаат фотографии во својата работна биографија при аплицирање за работа. Причината за тоа се други љубморни жени.
Иако изгледа како ситница, фотографијата дефинитивно може да влијае на изборот за кандидат за работа. Тоа посебно важи кај атрактивни жени, на кои им се советува да не праќаат слика од една единствена причина.
Во човечките ресурси во главно работат жени и тие ги бираат кандидатите за работата. Многу истражувања покажале дека поради љубмора и сопствена несигурност нивото на дискриминација на атрактивните жени е доста високо.
Со праќањето на фотографија, вие си ја намалувате шансата да добиете работа, додека од друга страна шансите за напредување ви се поголеми, но секако прво треба да ја добиете работата.
Во едно од последните истражувања, се пратени измислени молби за 2500 работни позиции. За секоја работа се пратени по две скоро исти CV, едно со фотографија едно без.
Освен љубомора на атрактивни жени, откриено е и дека згодните мажи немаат такви проблеми, туку напротив добриот излгед им ги зголемил шансите за работа.
Генерално, атрактивните жени во просек треба да пратат 11 биографии пред некој да ги повика на разговор, додека останатите подеднакво квалификувани, седум.

You must be logged in to post a comment Login