Ако се прашата како да го принудите својот партнер на верност и моногамија, одговорот ќе го најдете во окситоцинот. Тоа е моќен хормон кој се лачи од нашиот мозок.
Хормонот окситоцин е одговорен за верноста и моногамијата. Ако на маж на кого му е даден окситоцин му покажете фотографија од партнерката, во неговата глава ќе дојде до стимулација на делот на мозокот кој е задолжен за наградување, што и понатака ќе донесе до посилно чувство на привлечност према партнерката, што ја вцврстува моногамијата.
Моногамијата не е многу раширена помеѓу цицачите, со исклучок на човекот. Иако повеќето парови успеваат да ја зачуваат моногамната врска, научното објаснување на тој феномен до сега не беше познато.
Направено е истражување на 40 хетеросексуални мажи во постојана врска на кои им се покажани фотографии од партнерките или од други жени, па потоа им е дадено окситоци во облик на спреј за нос или пацебо (некативен хемиски спој без дејство), и им е направена магнетна резонанаса (FMR). Кај мажите дејството на окситоцинот довело до изразена селективност на недостаток од атрактивност за долгогодишните работни партнери или пријателки.
Авторите на истражувањето со овој метод одговориле и на прашањето зашто некој луѓе паѓаат во тешка депресија после загубата на саканиот парнтер, но сметаат дека додавањето на окситоцин на тие личности ја влошило борбата со загубата на саканата особа.

You must be logged in to post a comment Login