Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Ова се положбите во кои е опасно да се спие

Некој сака да спие на грб, некој на стомак, некој згрчен, некој испружен. Сепак, за нашето тело спиењето на страна е најздраво.

Budjenje

Искривеноста на телото за време на спиењето може да предизвика стрес, но и напрегање на `рбетот,  вратот, рамената, колковите, па дури и вилицата. Експертите советуваат дека за време на изборот на положба за спиење, треба да се земат во предвид три криви на телото – долниот дел и средината на грбот и пределот околу вратот, бидејќи целта е да се задржи природен болик на `рбетот за време на спиењето.

o-SLEEP-facebook

Спиењето на стомак е лошо за здравјето, бидејќи може да доведе до дегенерација на `рбетниот столб. Проблемот е тоа што во таа положба премногу се напрегаат лигаментите и мускулите околу половината и се создава притисок врз нервите во рацете, што може да предизвика вкочанетост и трнење наредниот ден.

t1larg.healthy.sleep.positions

Освен тоа, оваа положба не се препорачува, бидејќи тежината на телото ги притиска белите дробови, што го отежнува циклусот на длабоко издишување и вдишување, а притоа непотребно се притискаат градите.

Кога станува збор за спиење на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да се вовлече наназад и да го блокира каналот на дишните патишта. Затоа оваа положба не е добра, особено за луѓето кои патат од апнеја. Исто така, оние кои спијат на грб се склони кон `рчењето.

spavanje002

Лицата со болно срце, одредени болести на дишните органи, глауком или одредени болести на стомакот, може да имаат корист од оваа положба, ако лежењето на грб го заменат со полуседечка положба и со ставање на перница под грбот.

Експертите сметаат дека спиењето на страна е најдобра положба за спиење, бидејќи се вклопува во природната закривеност на `рбетот. Положбата може да се подобри со поставување на перница помеѓу колената, бидејќи на тој начин ќе бидат релаксирани и колковите.

За поддршка на главата се препорачува средно висока перница, а може и “водена” перница која едноставно се прилагодува. Ако лицето има висок крвен притисок, лекарите препорачуваат да се спие на левата страна, а ако има камен во бубрегот, спиењето би требало да биде на десната страна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement