Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

10 причини да се напиете пиво веднаш

Веројатно обожавате да се напиете некое пиво во друштво, а и најверојатно мислите дека овој пијалок ви помага да освоите некоја девојка со тоа што ќе и раскажете некоја неверојатна прикзана за себе или ќе и ги покажете вашите најлоши танцувачки потези. Меѓутоа научно е докажано дека пивото е добар пијалок и за вашето здравје.

beer_toast

Го чува срцето

Најчесто ги добива сите заслуги како пијалок кој помага на вашиот крвоток и кардиовскуларни органи. Пивото го одржува срцето здраво. Италијанските истражувачи откриле дека луѓето кои умерено пијат пиво имаат 42% помалку шанси да заболат од болести на срцето одколку луѓето кои не конзумираат пиво.

Ги чува вашите бубрези

Ако имате камен во бубрег, тогаш пивото е идеален пијалок за вас. Фински истражувачи откриле дека секоја чаша пиво, го намалува ризикот од создавање камен во бубрегот, а и ја одружува нормалната функција на бубрезите. Пивото помага во лачење на калциумот а со тоа помага во регенерација на веќе оболен бубрег.

Ви помага да размислувате како гениј

Пивото ја потикнува креативноста. Научниците работеле на истражување со 40 луѓе. Тие гледале филм. По филмот, добиле вербални загатки, по што мажите кои пиеле пиво, побрзо ги решиле од оние кои не се напиле од овој прекрасен пијалок.

Спречува дијабетис тип 2

Холандски истражувачи анализирале триесет и осум илјади машки здравствени работници, и утврдиле дека луѓето кои не биле алкохоличари и пијаници, а почнале умерено да пијат пиво во наредните четири години, ги намалиле шансите за заболување од дијабетис тип 2. Зголемена конзумација кај мажи кои веќе конзумирале редовно пиво нема влијание.

Помага побрзо да се одморите

Според едно шпанско истражување пивото помага во побрзо одмарање после тренингот. Во текот на истражувањето, на група мажие после тренингот им е дадено да се напијат едно пиво. Пивото им ја намалило телесната температура и се релаксирале побрзо од оние кои пиеле само вода.

Помага во самодовербата

Во едно истражување, на група луѓе им е дадено прво да се напијат пиво. Потоа биле прашувани за својата личност, колку се згодни паметни и забавни. Луѓето давале позитивни одговори и се фалеле себеси.

Го подобрува видот

Канадските истражувачи откриле дека едно пиво на ден ја зголемува активноста на антиоксидансите и и го намалува ризикот од настанување катаракта во очите. Но ако пиете повеќе од едно пиво, ефектот е обратен.

Го намалува крвниот притисок

Високиот крвен притисок може да биде одговорен за различни болести, но пивото го намалува ризикот од настанување на хипертензија. Луѓето кои пијат пиво во умерена количина имаат помали шанси за настанување висок крвен притисок.

Го подобрува имуниот ситем

Едно до две пива на ден ја зголемува отпорноста на вашиот организам и ќе го збогати вашиот имун систем кој е важен во борбата со инфекциите. Едно истражување врз мајмуни, покажало дека мајмуните кои пиеле пиво, за разлика од оние кои не пиеле, имале подобар одговор на организмот на вакцина која ја примиле.

Спречува кршеници

Едно до две пива днвевно исто така ги зајакнува коските во организмот. Затоа повелете напијте се една чаша вкусно пиво.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement