Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

ЖИВОТОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОУБАВ: Ослободете се од стравовите

Животот дефинитивно ќе ви биде поубав ако се ослободите од своите стравови.

Страв од контакт „очи во очи“
Еден од стравовите кои морате да ги совладате е страв од луѓето. Ако сте социјална особа, време е да се социјализирате. Не ви кажуваме дека мора да станете друштвена личност, но немојте да се криете ни да се плашитеод контакт со очи со непознати.
Посебно е важно во текот на разговорот, да го гледате својот соговорник во очи. Сакате да бидете успешни во љубовниот живот и кариера, морате да го совладате овој страв.


Страв од самотија

Сосема е јасно дека никој не сака да умре сам. Сите се надеваат дека ќе пронајдат некој со кој ќе го поминат животот, сродни души или доживотни партнери. Меѓутоа, морате да престанете да се плашите од самотијата. Сите работи се случуваат со причина, а некаде на овој свет сигурно постои правата личност за вас, и таа ќе се појави кога ќе дојде време за тоа.
Дотогаш уживајте во животот и сегашните моменти и ослободете се од стравовите кои ве кочат. Дури и ако сте ја пронашле личноста од вашите соништа, мора да бидете свесни дека не можете да бидете заедно во секој момент. Научете да бидете задоволни самите со себе.


Страв од одбивање

Никогаш нема да ја пронајдете работата од соништата ако сте премногу уплашени да пробате да се пријавите на конкурс или да пратите молба, и тоа само затоа што ви е страв дека ќе ве одбијат. Неуспехот може да биде болен, но и тоа е дело од животот. А и е многу подобар од живот во неизвесност. Така барем ќе знаете дека сте пробале, и слободно можете да продолжите понатака.
Затоа, немој поради одбивањето да се плашите да си ги остварите соновите. Морате да научите да прифатите одбивање и од секое да научите по нешто. Бидете храбри и ризикувајте, за што и да се работи.


Страв од обврски

Ако сте една од оние личности што никогаш не сонувале за брак, време е да се запрашате зашто е тоа така. Можеби едноставно не сте спремни да го поминете остатокот од животот со друга личност. Иако е во ред да уживате додека сте сами, не би требало да бегате од приликите за поврзување со друга личност, и тоа само затоа што се плашите од обврски. Сигурно не сакате да изгубите некоја драга особа, само поради тоа што сакате да бидете сами. Не ги бркајте луѓето од себе, затоа што додека не пробате неможете да знаете.


Страв од јавни говори

Страв од јавен говор е еден од најчестите човечки стравови.  Луѓето едноставно се ужаснати од тоа. Тоа не значи дека мора да ви биде пријатно пред сала полна со луѓе, но морате да го надминете стравот од јавен настап пред мали групи на луѓе. На повеќе работни места можно е да побараат од вас да зборувате пред повеќе луѓе.
Сигурно не сакате да ја изгубите приликата за да напредувате во кариерата, само затоа што ви е страв да дадете говор. Може да ви биде тешко, но ова е еден од стравовите кој секако ќе морате да го совладате.


Страв од промени

Работите неможат секогаш да бидат исти, веројатно сте свесни за тоа. Ќе се променат вашите години, партнери, пријатели и животна ситуација, и тоа морате да го прифатите. Морате да научите да ги прифатите промените и да пробате да не бегате од нив. Некој работи ќе бидат многу подобри откако ќе се случат промените.  Немојте автоматски да мразите нешто само затоа што е поинакво од она на кое сте навикнале.

Страв од смрт
На крајот, тоа не чека сите нас. Смртта е нешто што неможе да се избегне па затоа нема причина да се плашиме од неа. Ако сте премногу фокусирани на смртта, постои шанса да заборавите да живеете. Ако сакате да бидете среќни, мора да заборавите на лошите работи. Секој страв може да се победи, било тоа страв од темница или гужва, секогаш постои начин на кој стравовите можат да се совладаат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement