За жал, вестите за мажите и за жените не се добри, според најновите истражувања се покажало дека просечната должина на пенисот е се помала.
Истражувањата спроведени во Универзитетската болница во Падова открива дека во последните 60 години просечната должина на пенисот е смалена за 10%. Нашите дедовици имале просечна должина од 9,7 сантиметри, додека нивните внуци на располагање имаат само 8,9 см.
По сите изгледи ова е одговор на еволуцијата на современиот, нездрав стил на живот. Авторот на истражувањето Карло Форест, како главна причина го наведува загадувањето на животната средина и нејзиното влијание на лачење на хормони.
Во оваа студија учествувале 2000 луѓе, на возраст од 19 години и кај сите се покажало дека нивниот пенис е пократок, а рацете и нозете подолги.
Дали тоа би требало да не загрижи? Па се надеваме не! Големината не е пресудна, а докажано е дека и пократок пенис може да функционира и подобро во некои пози.
Голем број жени кои сонувале за голем пенис на крај признале дека после секс биле разочарани, дека освен визуелно уживање не добиле ништо посебно одколку кога имале односи со маж со помал пенис.
Докторите од Клиника Мејо тврдат дека најголем број на мажи кои го зголемуваат пенисот имаат просечна должина, но не сакаат да се помират со тоа. Според клиниката ова се мерките на пенисите:
Просечна должина на пенис е 7,6 до 10,2 см во опуштена состојба и 12,7 до 17,8 во ерекција. Па кој сака нека измери да види во кои рамки се наоѓа.



You must be logged in to post a comment Login