Оваа диета е вистински избор за оние кои сакаат да се хранат здраво, да го прочистат организмот и постепено да ги стопат вишокот килограми.
Диетата почнува во понеделник, кога е дозволено да се внесат само 600 калории, а следниот ден, па до сабота, намирниците се избираат внимателно, иако не мора да се мерат. Во сабота е дозволено да се јаде сѐ. Понеделник е денот за прочистување, па менито тогаш содржи овошје, зеленчук и намирници од растително потекло, како и напитоци со диуретско дејство, кои го стимулираат излачувањето на токсини и воспоставуваат рамнотежа на телесните процеси. Од вторник до сабота, иако не е предвидено мерење на намирниците, добро би било да избегнувате благи раобти и салами, а да внесувате риба, овошје и зеленчук и интегрални наминици. Недела е слободен ден, па дозволено е да се конзумираат и намирници кои инаку се забранети, но без претерување.
МЕНИ ЗА 8 ПОНЕДЕЛНИЦИ:
Напомена: дозволен зачин е маслиново масло и тоа една лажичка (10 ml), а за зачинување на храната може да се користат растителни зачини. Наутро, веднаш по станувањето, треба да се испие чаша вода со сок од половина лимон.
Прв понеделник
Доручек: 2 чаши немастен јогурт
Ужина: чаша сок од цитрон (без шеќер)
Ручек: 150 gr мешана салата и 120 gr варен компир
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 200 gr свежо сезонско овошје
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Втор понеделник
Доручек: немастен јогурт со јаболко исечено на парчиња
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 150 gr мешана зелена салата и 40 gr интегрален леб
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: супа од зеленчук без тестенини
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Трет понеделник
Доручек: јаболко и круша
Ужина: чаша сок од домати
Ручек: 30 gr варен ориз и 150 gr варен зеленчук
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 250 gr мешан свеж зеленчук
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Четврт понеделник
Доручек: немастен јогурт со пола банана исечена на парчиња
Ужина: чаша сок од јаболко без додаток на шеќер
Ручек: 150 gr варен грав и 150 gr мешана зелена салата
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 70 gr сушено овошје
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Петти понеделник
Доручек: 2 чаши немастен јогурт
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 100 gr зелена салата и 40 gr интегрален леб
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 2 dl супа од зеленчук и 140 gr морков варен во супата, со додаток 1 лажичка рендано сирење
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Шести понеделник
Доручек: јаболко и круша
Ужина: чаша сок од домати
Ручек: 100 gr компир и 50 gr праз варен на пареа
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 200 gr салата од цикорија и немастен јогурт
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Седми понеделник
Доручек: немастен јогурт со половина банана исечена на парчиња
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 250 gr варен јачмен, зачинет со масло и лажичка сос од соја, и 100 гр тиквички варени на пареа
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 100 gr трици од соја и 2 интегрални крекери
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
Осми понеделник
Доручек: немастен јогур со сечено јаболко
Ужина: чаша сок од јаболко без додаток на шеќер
Ручек: 2 суви интегрални бисквити и еден филџан кафе со малку немасно млеко
Ужина: филџан чај заблажен со лажичка мед
Вечера: 2 парчиња ананас
По вечерата: филџан чај заблажен со лажичка мед
За крај, имајте на ум дека ниту една диета не е апсолутно добра за вашето здравје. Пред да му се посветите на новиот режим на исхрана, посоветувајте се со вашиот доктор.

You must be logged in to post a comment Login