Кечапот помага во отстранување на р‘ѓата од бакарните и месинганите садови, каша од зоб чисти валкани раце подобро од сапун, црниот чај ќе го врати сјајот на алатот, а оризот е одличен за чистење на тесните вазни.
Производите кои можат да се најдат во секое домаќинство можат да бидат необични, но многу корисни сојузници во перењето и во отстранувањето на дамки, наведува Фокс Њуз. Откријте како на едноставен и природен начин ќе ја тргнете р’ѓата, оштетувањата на дрвените површини, тврдокорните дамки од тепихот и како да ја дезинфицирате тастатурата.
Кечап за перење садови
Омилениот сос е одличен отстранувач на дамките од р’ѓа на садовите од месинг и бакар. Истурете малку кечап на парче памучна ткаенина и истријте ги зар’ѓаните делови на садовите. После неколку минути садовите ќе заблескаат со својата стара боја, а потоа исперете го само со млака вода и избришете го.
Каша од зоб за миење на рацете
Мешавина на топла вода и зобена каша служи како одличен пилинг, но и паста за отстранување на тврдокорни нечистотии од рацете. Втријте ја после контакт со црни и масни дамки но и оние од мастило. Добро исперете.
Оризот чисти се
Тесните врски кои скоро е невозможно детално да се исперат одвнатре без четка исперете ги така што во нив ќе наполните 3/4 топла вода и ќе додадете малку ориз. ПОкријте ја вазната и протресете ја. Така ќе ги отстраните каменецот и нечистотијата.
Чајот го враќа сјајот на алатот
Сјајот на зар’ѓаниот алат ќе го вратите со црн чај. Сварете поголема количина на црн чај, оладете го и ставете го во пластичен сад во кој ќе го ставите алатот на пар саати. Откако ќе го извадите избришете го со памучна крпа, а при постапката носете ракавици за да не ви потемнат ноктите.
Глицеринот го отстранува восокот
Восокот кој капел и се насобрал на свеќникот или пак на дрвени површини отстранете го така што со рацете ќе го тргнете восокот колку можете, а потоа на памукче ставете малку глицерин и со него истријте ја дамката.
Минерална вода за каменец
Каменецот кој се насобира на садоперот и околу славината можете да го отстраните со памучна крпа која сте ја натопиле во минерална вода. Со неа истријте ги претходно испраните садопер и славина, а потоа избришете ги со сува крпа.
Хидроген за чиста тастатура
Памучна вата натопете ја во хидроген и со неа внимателно исчистете ја тастатурата а за потешко достапните делови користете стапчиња за уши натопени во хидроген. Со оваа постапка ќе ја исчистите, но и дезинфицирате тастатурата.
Пченкарен скроб за дамки на тепихот
Масните дамки на тепихот можат да се отстранат со помош на пченкарен скроб така што ќе го ставите директно на дамката. Оставете го 15 до 30 минути, истријте го со четка и потоа исчистете со правосмукалка.
Алкохол за дрво
Трајните дамки на дрвениот под, масата или шанкот можат да се ублажат со бришење со вата која сте ја натапкале со малку концентриран медицински алкохол.

You must be logged in to post a comment Login