Нема високи потпетици кои се удобни како патики, но и покрај болкатаљ во стопалата, просто обожаваме да ги носиме. Затоа кога ги купувате добро размислете што и е потребно на вашата нога. Еве на што треба да обрнете внимание.
Положбата на потпетицата
Ако потпетицата е премногу назад на чевлата, нема правилно да ја поддржува тежината на телото. Центарот на линијата на петата треба да биде директно на центарот на вашата пета. Чевлите со дебела потпетица се постабилни и подобра потпора за телото, па обидете се тие да бидат ваш избор.
Падот на стапалото
Високите потпетици се многу поудобни ако имаат благ пад. Платфорлата е секогаш добар избор. Ако вашите чевли немаат платформа, додадете влошки.
Избор на платформа
Избегнувајте чевли со круто дно, направени од дрво или тврда пластике. Кожни и гумени ѓонови се поудобни и ќе и дадат на ногата подобра подвижност. Дури и чевли со тенок кожен ѓон ќе бидат поудобни.
Дебелина на потпетицата
Што подебела потпетица, тоа поголема удобност! Чевлата е постабилна доколку има дебела потпетица и на вашата нога и дава чувство на удобност.
Безбедност
Цврстата чевла е удобна. Тоа е правило. Затоа отворете четри очи кога ги бирате. Ако чевлите се клатат, тешко ќе чекорите во нив. Важно е да обрнете вниманите на тоа ногата да ви биде добро фиксирана во чевлите за да не се лизне.

You must be logged in to post a comment Login