Наскоро ни стигнува пролета, иако зимата баш и не беше права зима… Никогаш не е прерано за мало пролетно чистење, за организирање и спремање на домот за потоплите денови. Составивме некои едноставни начина да испробате да направите освежувачи и вашиот дом да замириса на пролет.
Лимон и рузмарин
За суптилно наговестување на пролета со топли мириси, пробајте да измешате свежи состојки. Исечете го лимонот на парчиња и додајте малку свеж рузмарин и неколку капки етерично масло од лаванда. Гответе ги на шпорет и прекрасен мирис ќе се шири во вашиот дом.
Етерично масло како освежувач на воздухот
За овој рецепт е потребно малку повеќе време, но вреди да се потрудите! Земете го своето омилено етерично масло, додајте го во чаша врела вода и додајте желатин. Ставете го во садови по ваш избор и ќе имате само ваш лукзузен освежувач за било која соба од вашиот дом.
Спреј од лимон
Кој не сака постелнината да му мириса на свежо и чисто, дури и после неколку месеци стоење во ораманот. Со овој спреј вашите чаршафи и постелнина се спремни за употреба. Земете шише со прскалка, ставете кора од лимон и додајте малку водка.
Тропски мириси
Нека вашиот дом мириса на пролет во секој момент. Во врела вода додајте сок од ананас, малку кокосов екстракт и стапче цимет. Тоа е совршен мирис за родендени, ручеци или само вашиот дом да мириса убаво.
Мирисен дифузер
Сите сме ги виделе ваквите освежувачи во продавница и нивната цена не е воопшто мала. Но многу едноставно можете да ги направите сами со вашите омилени мириси. Земете мала вазна, во неа ставете стапчиња од бамбус, напунета ја со бејби масло и додајте етерично масло или малку од својот парфем!
Тегла со цитруси
Иако можете да ги користете цитрусите кои ги обожувате, лиметата е одличен избор, освежувачки и нежен мирис. За да го направите овој природен освежувач на воздухот, потребна ви е кора од лимета, свежо нане и екстракт од ванила. Додајте малку вода и вашиот дом ќе мириса изненадувачки свежо!




You must be logged in to post a comment Login