Просечен работник праќа по 100 000 e-mail пораки годишно.
Треба вниматено да се користи тој комуникациски алат, кој може лесно да го наруши здравјето како на себе така и на своите колеги, изјавува психологот Ема Расел од Британската чкола Кингстон.
За полесно да се користи e-mail, психолозите направиле попис на најчести грешки во размена на e-mail, која ако не се почитуваат може да предизвикаат нервоза, стрес и растројство и нормално дикомуникација помеќу праќачот и примачот.
Тие тој список го нарекуваат – 7 смртни e-mail гревови. На врв на листата е пинк понк допишувањето, праќањето и проверувањето на e-mail надвор од работното време, проверување на инбокс и одговарање на e-mail кога сте во друштво или на состанок, барање на потврда за секој добиен e-mail, програмски автоматски одговор, брзинско одговарање на e-mail но и нивно игнорирање.
Голема грешка е ако имате пинк понг комуникација посебно на групна порака, која само го оптеретува инбокост, тоа веќе е стресна постапка за време на работа.
Не проверувајте инбокс и не одговарајте кога сте во друштво со колеги, тоа е некултурен гест. Исто така и проверување на e-mail после работно време, иако делува како преданост на работата, често упатува на фактот дека не можете да се исклучите и воспоставите рамнотежа помеќу приватниот и работниот живот.
Тој e-mail им штети и на колегите и на соработниците, бидејќи прави притисок и кај нив дека треба да се достапни нон стоп за да ви одговорат.
Како правилно да одговорите на e-mail
Инстант одговарање може да остави впечаток на добро информирана личност, но и на збунетост. Промислен и добро сречен одговор подобар е од брзинскиот кој дава информација но со погрешен тоналитет.
Ако нон стоп барате да ви потврдат за примен e-mail, може да врши непотребен притисок дека мора одма да се тргне во акција.
Работниците кои се опседнати со нон стоп проверување на e-mail си штетат на своето ментално здравје и придонесуваат до поголема расеаност.
Списокот на 7 смртни e-mail гревови
- Пинк понг размена на e-mail
- Одговарање, проверување по работно време
- Праќање e-mail во нечие друштво
- Потполно игнорирање на e-mail
- Секојпат барате потврда за примање и читање на e-mail
- Инстант одговарање
- Автоматски одговори и правила

You must be logged in to post a comment Login