Горивото може да се заштеди со одржување на техничката исправност на автомобилот и со начинот на возење. Техничката исправност е многу важен елемент во потрошувачката на гориво, што најдобро се гледа во следната листа, која покажува колку во апсолутни проценти исправноста на одделни делови влијае на заштедата на потрошувачката на гориво:
– Свеќички 8%
– Платински копчиња 7%
– Почетно палење – предпалење 5%
– Индукционен калем – бобина 2%
– Кабли 2%
– Термостат 1%
– Карбуратор 2%
– Стартен уред – саух 10%
– Прочистувач на воздух 3%
– Пумпа за гориво 1%
– Спојки за довод на гориво 1%
– Квачило 8%
– Вентили 7%
– Брегаста осовина 16%
– Компресија 20%
– Притисок во пневматиците 4%
– Вид на пневматици 5%
– Балансирање на пневматиците и тркалата 2%
– Затнатост на всисувачката грана и издувниот систем 5%
– Прекумерен товар 5%
– Сопирачки 1%
– Лежишта на тркалата 1%
– Подмачкување 5%
– Аеродинамика на возилото 2%
Стартување на моторот – Пред да се стартува моторот, треба да се притисне квачилото и да се провери дали се уклучени сите потрошувачи. Ако е ладно или моторот не работел подолго – задолжително да се повлече саухот. (преку зима е неопходно).
Загревање на моторот – Моторот треба што побрзо да ја постигне работната температура, а тоа најбрзо се постигнува во тек на возењето. Штом моторот проработи, после 30 секунди треба полека да се тргне.
Тргнување и застанување на возилото – При тргнување од место, на рамен терен, не треба да се додава премногу гас, ниту да се држи долго стиснато квачилото. Треба да се обидете што побрзо, со оптимален гас, да го ставите возилото во движење.
Менување на брзини – Во што пократко време треба да го префрлите менувачот во адекватен степен на пренос, со што помало задржување во неутрална положба. Моторот треба да биде во секој степен на пренос (по можност) во оптимален вртежен момент. При возење во град треба почесто да се менува степенот на пренос.
Дозирање на гас – Треба да се одбегнува нагло и често притиснување на педалата за гас. На отворен пат треба што побрзо да се постигне оптималната брзина. Треба да се прилагоди брзината кон условите на патот, така да што помалку се употребуваат сопирачките.
Ставање на гориво – Најдобро е да се става гориво наутро, бидејќи е ладно и тогаш бензинот е погуст. Преку лето, при високи тепмератури, не треба да се полни резервоарот до врв, бидејќи непотребно ќе изветрее.

You must be logged in to post a comment Login