Во дрво се чукнува, бидејќи ако не, злото може да ја слушне приказната и да ја уништи. Ви претставуваме некои од најраспространетите суеверија кои и дури и денес се длабоко вкоренети помеѓу луѓето.
Црна мачка поминува на пат
Се зборува дека ако црна мачка ви помине на пат носи несреќа. За тоа да се избегне треба да се вратите три чекори назад. Некои кажуваат и дека треба да плукнете три пати. Низ историјата црните мачки биле убивани поради суеверие.
Отварање на чадор во куќа
Несреќата е поголема ако ова се направи навечер, а зашто… не се знае, но за тоа не се ни зборува. Табу тема!
Чукнување во дрво
Во дрво се чукнува, затоа што ако не се чукне, злото ќе ја слушне приказната и ќе ја уништи. А ако чукнете злото станува глуво. Чукнувањето во дрво бил пагански обичај, со цел да се добие милост од демоните, и така луѓето им давале на знаење на демоните дека сметаат на нивната добрина.
Не го превртувај лебот наопаку
Ова суеверие може да се поврзе и со религијата, што претставува парадокс, бидејќи лебот го претставува телото на Исус. Како последица се појавувале брадавици на рацете, одлив на пари, а ако лебот цел ден се оставу наопаку, во екстремни случаеви, болести или смрт на најмладиот член на семејството. Страшен леб!
Седење на ивицата од столицата за време на ручек
Според зборувањата, оној кој седи нема да се ожени/омажи.
Свиркање во куќа
Со свиркањето во куќа, се привлекувале глувците и стаорците во куќата, а ако веќе се присутни, ги мотивира да се парат.
Црвен конец околу рака
Се носи против уроци и магија. Обично се става на деца. Посебно е важно некрстените деца да го носат.
Фрлање ѓубре по полноќ
Фрлањето ѓубре по полноќ можело да донесе баксуз, но нема да траел долго. Страшно.
Конец во облеката ( зарем немаме сите ? )
Ако во облеката пронајдете црн конец, на вас мисли плав дечко/девојка. А ако пронајдете бел на вас мисли црн дечко/ девојка.
Чешање на дланките
Ако ве чеша десната, ќе изгубите пари, а ако ве чеша лева ќе добиете. ( А што е со леваците ? )







You must be logged in to post a comment Login