Човечкиот нос може да препознае многу повеќе мириси од колку што досега се веруваше, тврдат американски научници од универзитетот Рокфелер во Њујорк.
Се досега се верувало дека човечкиот нос со своите 400 олфакторни рецептори може да осети околу 10.000 мириси. Меѓутоа, најновите истражувања покажале дека човечкиот нос е подобро сетило од очите и слухот по бројот на работи кои може да ги разликува.
Човечкото око користи три светлосни рецептори кои заедно можат да видат до 10 милиони бои, додека увото може да слушне скоро половина милион тонови. Студијата покажала дека луѓето се многу добри по однос на мирисот, иако се мисли дека животните можат да осетат мирис подобро од луѓето.


You must be logged in to post a comment Login