Иако многу веруваат дека по раскинувањето не би требало да се пуштите во нова врска се додека не ја преболите старата, стручњаците за врски не се сложуваат со тоа.
Ретко на кој во животот не му случило сериозно да се заљуби, а на крајот на романсата да остане со скршено срце. Чуствата према бившиот партнер или партнерка се сеуште свежи и повредената личност најчесто со месеци па дури и години не помислува да погледне во некој нов. Но тоа е грешка.
Најнова заедничка студија на иниверзитетите Илионис и “City” од Њујорк открива дека луѓето кои веднаш по раскинувањето влегле во нова врска, се емотивно позрели, посреќни и имаат шанса да ја пронајдат љубовта на својот живот. Таквите личности имаат многу поголема самодоверба и се чуствуваат подобро во своето тело од ониe кои патат во самотија.
Но ова не подразбира дека веднаш по раскинувањето треба да се впуштите во низа бесмислени секс авантури, туку само да си дозволите флертување со други луѓе или да го прифатите повикот за романтичен состанок. Ќе се осеќате подобро, попривлечно а ќе имате и прилика да со споредба на бившиот со други, подобро да ги препознаете сопствените квалитети и побрзо да ја преболите старата љубов.
Таквиот тип на врска се нарекува т.н “rebound relationship” што би значело дека новата романса е нов почеток на вашиот љубовен живот и тоа во моментите додека сеуште имате чуства за стариот партнер кој ве повредил.
Во текот на истражувањето интервјуирани се луѓе за тоа како се справуваат со раскинувањето. Одговарале на прашања за тоа какви се нивните чуства, како се справуваат со целата ситуација и дали пробале да пронајдат некој нов. Се покажало дека оние кои побрзо се впуштиле во нова романса имаат повеќе самодоверба, посебно кога е во прашање нивниот изглед, а новото искуство им дало дополнителна сила да се изборат со чуствата према бившиот партнер.
На тестотвите за личноста се покажало дека луѓето кои не чекаат долго да дадат шанса на нова љубов, ментално и емоционално се поздрави.





You must be logged in to post a comment Login