Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Исхрана

Што би требало да јадете во текот на денот

Не е важно само она што го јадеме, туку и како тоа го јадеме. Храната кој ја јадеме влијае на нашето расположение и на нивото на енергија, како и на сонот. Затоа, кога сакате да бидете сконцентрирани, треба да јадете една храна, а кога сакате да спиете – друга. Еве што и кога треба да јадете.

55068_profimedia0159268453_630x0

7 Наутро – најадете се

Ако сте гладни веднаш штом станете, тоа е знак дека метаболизмот ви е добар. А ако доручкувате, ќе бидете поздрави. Јадете во рок од еден саат откако ќе станете и потрудете се да не внесувате премногу јаглени хидрати, масти и протеини кои ќе ве засистат. Јадете овесна каша со путер од кикирики и некое овошје или тост со сирење и патлиџан.

9 Наутро – концентрирајте се на работата

Кафето ќе ве одржи будни и концентрирани, но немојте да претерате – се препорачуваат до 3 шољи кафе во текот на денот. Ако не го сакате кафето, напијте се зелен чај. Неговиот антиоксидант го потикнува производството на мозочни келии и ја подобрува меморија и способноста за учење.

11 Наутро – избегнувајте ги слатките

Сосема е нормално да осетите глад по 3-4 саата, дури и ако сте јаделе наутро. Наместо да јадете нешто благо и да го залажете гладот, пробајте со кисело млеко, бидејќи содржи протеини кои ќе ве заситат.

13 Попладне – Ослободете се од стресот

Ако сте се изнервирале на работа, јадете салата од спанаќ и тиквички кога ќе одите на пауза за ручек. Овој зеленчук обезбедува доволна количина на витамин Б6 кој помага во создавање неуротрансмитери одговорни за контролирање на однесувањето.

15:30 Попладне – Изборете со падот на енергијата

Можеби првото што ви доаѓа на памет е кафе, кока кола или чоколадо, но кофеинот може да ве спречи навечер лесно да заспиете, додека пак шеќерот може да ве дигне на кратко, а после тоа ќе се осеќате уште поуморни. Наместо тоа, каснете овошје.

17 Попладне – Наполнете ги батериите за вежбање

Ако веднаш по работата одите во теретана или вежбате дома, наполнете ги батериите пред тоа. Внесете јаглени хидрати кои лесно се варат, и кои брзо ќе ви дадат енергија, а не го вознемируваат вашиот стомак. Јогурт и некое овошје се совршени за тоа. Ако не сте гладни, напијте се сок од кокос – тој содржи шеќери и електролити кои ќе ви дадат сила и ќе ја одржат хидратацијата.

55069_profimedia0167521361_630x0

19 Навечер – Лесна вечера

За вечера јадете љути пиперки кои ќе ве загреат и кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам, а го контролираат и апетитот. Јадете и многу билки и зачини. Јадење со помалку масти е подобро. Зачините придонесуваат за вкус а не се калорични. Секогаш кога можете за вечера во оброкот внесувајте пиперка, оригано и кромид или лук.

10 Навечер – време за спиење

Ако имате проблем со сонот, прво размислете дали сте гладни. Каснете нешто што содржи јаглени хидрати, затоа што тие го потикнуваат трипофан, аминокиселина која влијае на поспаноста. Телото користи трипофан за да произведе сератонин, неуротрансмитер кој му кажува на мозокот дека е време за спиење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement