Многу од нас сме ставале прлјави садови во машина и сме ја уклучувале, што е погрешно. Треба правилно да се постават садовите, а потоа да се одреди циклусот.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат правилно да ја искористите машината за садови и вашите садови да бидат добро испрани и неоштетени.
- Ако имате сребрен прибор и тенџере од челик што не рѓосува, пазите да не ги ставате едно до друго, бидејќи тие метали може да се оштетат ако дојдат во допир еден со друг. Покрај тоа хемиската реакција може да прдизвика флеки на среброто.
- Тенџерето, тањирите и многу прлјавите садови ставете ги на долниот дел од полицата бидејќи таму водата и топлината се поинтезивни.
- Одвојте ги малите тањири од големите.
- Тешките тенџериња, тави и слични садови распоредете ги од страните. Осетливите работи како чаши ставајте ги на горната решетка.
- Шољите и чашите ставајте ги на редовите кој имаат запци.
- Зделите сместете ги на горниот среден дел од полицата.
- Предметите во машината нека не се допираат меѓу себе.
Предмети кои не спаѓаат во машината:
– Ножеви: ќе отупат.
– Бакар, бронза: Ќе потемнат.
– Дрво: Може да се деформира и скрши.
– Лиено железо: Ќе зараѓа.
– Позлатен прибор: Ќе ја промени бојата.
– Кристал: може да се скрши.


You must be logged in to post a comment Login