Сигурно е, мажите сакаат да се галат, иако не го покажуваат тоа често, а тоа го потврдуваат и фразите кои тие обожуваат да ги слушаат.
Можеби ги нервира вашето постојано, непрекинато зборување, повторувањето на исти реченици, но има некои фрази кои можете да му ги кажувате колку сакате, бидејќи тие нема никогаш да му здосадат.
Ти благодарам
Многу мажи ќе се пожалат дека жените често им приговараат за работите што не ги прават. Но, тие едноставно обожуваат да слушнат „благодарам“. Тоа ги мотивира. Затоа, кога ќе направат нешто правилно, пофалете ги.
Нашето дете едноставно не може без тебе
Поврзаноста меѓу мајките и децата е толку очигледна и јака што татковците некогаш се чувствуаат како вишок. Ако му кажете дека лицето на неговиот син или ќерка озарува секогаш кога ќе го види, дека детето прашало и го очекувало својот татко и дека му се радува, нема да има посреќен човек од него.
Се сеќаваш ли кога…
Одличното памтење, особено на заедничките убави моменти, е одличен начин да го започнете разговорот. Парнерот ќе биде воодушевен со колку жар зборувате за некое заедничко излегување, а ако уште се сеќавате и на она што го носел тогаш, на неговата среќа нема да има крај.
Изгледаш супер
Ќе му дадете до знаење дека сѐ уште е привлечен и згоден, го забележувате и после толку години сепак може да ве заведе и освои.
Многу убаво мирисаш
Ова е уште една фраза која може да му ја повторувате до бескрај.
Драго ми е дека си тука и ова го правиме заедно
Ова е комплимент што секој сака да го чуе, особено ако поминувате низ некој тежок период. Децата ви се болни, треба да реновирате по дома… Тој сака кога му покажувате дека сѐ уште сте добар тим.
Го сакам тоа и тоа…
Дури и по многу години во врска, никој не може така добро да ве познава и да ви ги чита мислите. Но, ако сакате некакво спцифично излегување, подарок или едноставно да имате заедничко хоби, кажете му го тоа директно. Ќе биде среќен.
Кажете му дека го пофалиле вашите колеги и пријатели
Сте биле на вечера со вашите пријатели и тој ги воодушевил. Кажете му го тоа, нахранете го неговото его и подигнете му ја самодовербата, ќе му биде драго.
Кој би рекол дека овие работи му се допаѓаат посилниот пол.

You must be logged in to post a comment Login