Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Школо за пророци измамници: Не ја гледате иднината, не е проблем…

Предвидувањето на иднината е Елдорадо за блефови. Дури и најразумните особи се спремни да поверуваат во невозможни методи. Секако, не пропагираме било каква врста на измама, ова е игра во која вие и вашето друштво можете да се забавувате.

skola za izmamnici ne ja gledaat idninata

Правило 1 – Никој не сака да ја дознае својата судбина. Луѓето бараат да им се гата затоа што се грижат за иднината. Тие сакаат да се помират – не сакаат да се грижат повеќе. Дури и ако навистина верувате дека ќе останете без пари или дека нивната вркса ќе пропадне, немојте тоа да им го кажувате. Трикот е во тоа да особите го кажат она што сакаат да го слушнат, а тоа да не ги погоди.

Правило 2 – Инсистирајте на гатачот да ви постави сосема одредено прашање. Додека таа зборува, гледајте ја внимателно. Со своето прашање и говорот на телото секогаш ќе можете да откриете што сака да слушне. Сепак не брзајте со одговорот. Прво уфрлете неколку неразумни предскажувања и развлекувајте до 10 минути, додека не се загрижи дали воопшто ќе се спомене она што го интересира. Така ја зголемувате наптнатоста.

Правило 3 – Оставајте впечаток да знаете повеќе отколку што сте спремни да кажете. Потоа кога особата ќе се врати и ви каже “Но не ми рековте дека ќе ме удри кола на пешачки премин”, моежете да одговорите “хм, баш се прашував кога го видов Сатурн во Девицата (или нешто друго што ќе ви се види пологично), но не сакав да ве исплашам”. Ова објаснување нема да задоволи никого, но ретко кој ќе би го каже тоа во лице.

Правило 4 – Водете секогаш сметка за статистичката веројатност. Кога нешто ќе гатате, шансите треба да се најмалку 50:50 да се остварат. Ако вас ве праша некоја згодна 19 годишна девојка “дали ќе се омажам следната година” можете да и одговорите “во текот на следните две сигурно”. Но доколку ве праша некоја 70 годишна , гируно ќе одговорите не, секако, ако пред тоа не сте и кажале дека може да забремени.

Правило 5 – Изберете го најкомпликуваниот метод за гатање за кој мислите дека можете да го совладате. Кај навистина сложените системи, за секое позитивно тврдење секогаш имате друг елемент на предикција, кој ја демантира. Тоа доаѓа добро кога нешто ќе кажете без врска.

Првило 6 –  Трудете се да направите што е можно повеќе предикции ( во главно ситни, така да не вредат да бидат запамтени). Променете го целиот низ на работи – патување, изглед на работата, поситни болести, црноманест странец и слично. Потоа, кога особата месец дена покасно ја изгуби работата, или пак напредне, ќе се сети само дека сте спомнале нешто во врска со работата и ќе претпостави дека точно сте предвиделе. Никогаш немојте да бидете прецизни. Така може да кажете “ве чека голема радост”, но не и “играјте лото и ќе станете сопственик на некоја добра вила на море или нов автомобил”.

Правило 7 – Цело време објаснувајте што правите. Употребете што повеќе жаргонски изрази, за да изгледа како да имате основа за секое тврдење. На пример, кога читате од дланка на боксер од два метри со скршен нос, ќе биде провидно да кажете “Вие физички многу напрегате”. Но затоа можете да кажете “Погледнете само како се понудува вашата Марсова долина.Тоа значи дека сте склон кон екстермализување на својата агресивност…”. Искусниот блефер никогаш нема да ризикува да каже нешто што боксерот би можел погрешно да го разбере како навреда, па сигурно ќе изјави дека неговата дланка покажува дека он во душа е питома особа, на која средината не го разбира.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement