Овен
Жена: Страствена, ужива во врелите прегратки и се препушта без предрасуди. Сака да доминира и да ја води еротската игра. Од мажот очекува да биде издржлив и да го следи нејзиното темпо. Во занес гребе и гризе. Ако мажот не е подготвен за врел секс, брзо ќе изгуби интерес. Во младоста не е приврзана само за еден партнер, туку бара предизвици. Кога ќе го пронајде вистинскиот, како и во зрелоста, изненадува со умешноста и го привлекува целото еротско внимание на партнерот.
Маж: Енергичен неуморен во кревет. Нема време за долга предигра. Го привлекува се што е шокантно и забрането. Ако сакате да го освоите, ослободете се од предрасудите и не го ветувајте она од што се срамите. Ќе го задржите ако постојано покажувате нова умешност во сексот.
Ерогени зони: провлечете им ги прстите низ косата и грицнете им го увото.
Идеален партнер: Лав, Стрелец, Водолија.
Бик
Жена: Сензуална и притаено еротична. Сака долга предигра, а особено е осетлива на бакнежи во пределот на вратот. Со годините постанува свесна за својата сексуалност, станува послободна и постраствена. Има нагласено сетило за вкус, ужива во бакнежите, но и во оралниот секс. Во зрелите години вешто ја води еротската игра и знае да ја разбуди фантазијата кај партнерот. Тивко негодува, но и го провоцира мажот, демонстрирајќи големо еротско знаење.
Маж: Освојува постепено, но не се откажува од жената која го привлекува. Чувствителен е и ги разбира еротските потреби и чувства на партерката. Ги сака класичните пози, но нема да одбие некоја егзотична варијанта. Освојувајте го полека. Ќе ви овозможи сигурност и уживање.
Ерогени зони: Страсни бакнежи по вратот и под ушите ќе разбудат во нив вулкан од страсти.
Идеален партнер: Шкорпија, Јарец, Риби.
Близнаци
Жена: Заводлива, шармантна, одличен соговорник. Со слободен дух и не сака партнерот да ја ограничува. Сака да се дружи, излегува и склопува пријателства. Ужива во повеќе еротски игри, од вербално додворување, ласкави шепотења до провокативно однесување и провоцирање. Радознала, го задржува младешкиот дух и во зрелите години, поради што мажите не ја забораваат. Подготвена на различни експериментирања за задоволства.
Маж: Интелигентен, духовит, интересен. Не одговара на партнерка која од него очекува сериозна врска. Покрај него, иднината е неизвесна, но сегашноста е забавна. Ужива кога води љубов пред огледало, со запалени светла. Обожава разноликост.
Ерогени зони: Бакнување на внатрешниот дел на раката, од дланката до пазувата.
Идеален партнер: Лав, Вага, Водолија.
Рак
Жена: Сензуална и срамежлива. Потребно и е да се увери во искреноста на партнерот за да се препушти на еротиката. Ја освојуваат комплименти, а ја опушта долга предигра и бакнување на градите. Срамежливоста исчезнува со зрелоста. Со животното искуство доаѓа и самодовербата и постанува се повеќе сексуална. Ужива во нежните милувања и возвраќа на партнерот. Обожува бакнежи. Може да доживее оргазам бакнувајќи се. Одбивни и се груби мажи кои сакаат брз секс.
Маж: Сентиментален, со променливо расположение. Сака доказ за љубовта. Бидејќи е несигурен, го импонира кога има впечаток дека е поискусен од партнерката. Ужива да и ги открива мистериите за сексот. Сака долга предигра и тежнее да ги задоволи потребите на партнерката.
Ерогени зони: Милување на градите и брадавиците со прстите е прав стимуланс.
Идеален партнер: Бик, Девица, Риби.
Лав
Жена: Доминантна и достоинствена. Очекува мажот да и се додворува, воодушевува, да ја обожува и опсипува со внимание. Кога ќе се разбудат страстите, станува огнена и бурно реагира. Сака да води љубов пред огледало и притоа партнерот да се воодушевува на нејзиното тело и сексуалната умешност. Сака доминантна положба и го води темпото. Во зрелоста многу бара и ја возбудува улогата на господарка.
Маж: Самоуверен, великодушен, но ранлив. Лесно е да го освоите со ласкање. Очекува неговата избраничка секогаш да биде расположена за секс. Предиграта е кратка, но издржлив е. Го возбудува кога жената во сексот е потчинета, кога губи контрола и вика гласно.
Ерогени зони: Ќе се опушти ако со врвовите на прстите и ноктите полека му го поминете грбот.
Идеален партнер: Вага, Стрелец, Водолија.
Девица
Жена: Сериозна, ненаметлива, одмерена, како во животот така и во сексот. Ја одбиваат упорни мажи. Најпрвин анализа и откако партнерот ќе ја добие нејзината доверба, подготвена е за еротски контакт. Пред сексот предложува заедничко туширање. Опуштена е ако е задоволена нејзината потреба за чистота. Ужива ако партнерот нежно ја милува и бакнува околу папокот.
Маж: Промислен, нежен и обзирен. Не е романтичен тип, се додворува едноставно и го проучува однесувањето на жената пред да и пријде. Не е склон на вулгарни испади на страст, како во прирачникот за секс. Ќе ја праша жената што сака и ќе ја задоволи.
Ерогени зони: Бакнежи во пределот на половината/струкот ја зголемуваат желбата.
Идеален партнер: Бик, Шкорпија, Јарец.
Вага
Жена: Суптилна, отмена и префинето заводлива. Со годините станува се поженствена и почнува да ужива се повеќе во сексот отколку во игрите за заведување. Одбивни и се неуредни и агресивни мажи. Сака дотеран и отмен партнер. Од сексот прави претстава. Ќе се појави во предизвикувачка долна облека и ќе ја чека реакцијата на мажот. Заведува со бавно расоблекување и предизвикувачки движења со телото.
Маж: Шармантен, заводлив, сака да освојува. Го привлекуваат отмени, префинети жени. Ужива во долгата предигра и не сака жената да го брза. Тежнее да ја задоволи партнерката и подготвен е да води љубов цела ноќ додека не ја доведе до врвот. Сака отмен амбиент.
Ерогени зони: Кружни движења и допир со прстите по газето.
Идеален партнер: Близнаци, Стрелец, Водолија.
Шкорпија
Жена: Сексипилна, зрачи со силен еротски набој. Мажите ги привлекува со одењето, насмевката, погледот. Енергична, го следи инстиктот на телото и срцето. Најсексипилна жена во Зодијакот. Сака силен и издржлив маж. Делува воздржано, но во спалната соба нема предрасуди и ограничувања. Во младоста брзо станува свесна за својата сексуалност и ги истражува границите на задоволство, а во зрелоста потполно ужива. Носи црн секси веш, високи потпетици, мини здолништа.
Маж: Страствен, непредвидлив, мажествен, овозможува неочекувано задоволство. Љубоморен и перверзен. Тешко ја контролира сексуалната енергија, потребна му е издржлива жена подготвена за предизвици. Во занес гризе, штипе, нагло продира во жената.
Ерогени зони: Најосетлив дел се гениталиите, реагира и на мал допир.
Идеален партнер: Бик, Јарец, Риби.
Стрелец
Жена: Отворена, искрена, дружељубива, со изразена смисла за хумор. Отворено разговара за сексот и храбро влегува во возбудливи еротски авантури. Во младоста експериментира, во зрелоста цени квалитетни односи, во кои освен сексот, со партнерот негува и пријателство. Ужива да води љубов на отворено под ведро небо. Потребни и се слобода и контакт со природата. Сака бакнежи и страстно милување по бутините, но и во косата.
Маж: Ведар, интересен соговорник, сака да се заљуби, но се плаши од зближување. Првенствено ја почитува својата лична слобода. Играта на освојување и предиграта го возбудуваат повеќе од самиот чин на традицијата. Обожава еротска масажа, взаемно тело со тело.
Ерогени зони: Внатрешна страна на бутовите.
Идеален партнер: Овен, Лав, Водолија.
Јарец
Жена: Воздржана, на прв поглед ладна и дистанцирана. Под ледената површина се крие вулкан од страсти кој се разгорува со тек на годините. Полна сексуална зрелост достигнува во средните години. Тогаш е самоуверена и нема страв од одбивање. Мажот кој ќе проникне во нејзината сексуална природа, го очекуваат грст задоволства. Сака продолжено водење љубов и потребен и е издржлив маж. Не е за долга предигра, туку за врел контакт.
Маж: Сериозен, успешен, верен, сигурност. Го привлекуваат интелигентни жени и од нив очекува повеќе од секс – доверба и поддршка. Поседува голема сексуална енергија и подготвен е да одведе партнерката до оргазам. Изджлив е.
Ерогени зони: Масажа на долниот дел од половината/кичмата буди еротски оган.
Идеален партнер: Бик, Девица, Шкорпија.
Водолија
Жена: Дружељубива, отворена, интелигентна, креативна. Бара идеален партнер и врска, затоа во младоста истражува. Во зрелоста е свесна за своите сексуални квалитети и се препушта на уживањето. Креативна е и оригинална, експериментира во потрагата по задоволство. Смета дека мозокот на мажот е главен еротски орган. За неа нема табу тема.
Маж: Пасивен, очекува партнерката да ја превземе иницијативата. Жената најпрвин го интересира како личност, а подоцна и еротски. Сака долга предигра. Го привлекуваат егзотични еротски експерименти и искуства.
Ерогени зони: Осетливи се кај зглобовите и листовите – допир со јазик ги излудува.
Идеален партнер: Овен, Близнаци, Вага.
Риби
Жена: Женствена, сензуална, интуитивна и романтична. Кокетира и ги истакнува женските магии привлекувајќи ги мажите. Сонува за вечна љубов, затоа во младоста лесно се разочарува. Дури кога ќе стекне искуство, умее да го препознае Вистинскиот. Во креветот е подложна на сугестии. Лесно ги прифаќа предлозите на партнерот за нови пози и необични искуства. Се труди да го задоволи партнерот и смета дека во љубовта ништо не е забрането.
Маж: Емотивен, нестабилен и страствен. Го привлекуваат промени, заведување, а воедно тежнее кон емотивна стабилност. Сака поезија и прошетки под месечина. Кога ќе се вљуби станува покорен. Го возбудува фантазијата за жена господарка.
Ерогени зони: Стапалата на Рибите им се осетливи, милување, бакнување го возбудува.
Идеален партнер: Рак, Шкорпија, Јарец.


You must be logged in to post a comment Login