Новинарот и програмер Кен Швенки креирал алогаритам кој автоматски пишува кратка вест кога земјата ќе се затресе.
Лос Анџелес Тајмс прв ја објави веста за земјотресот кој неодамна ја погоди Калифорнија. Ударната информација беше објавена во рок од само 3 минути благодарение на роботот новинар.
– Мал земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран во Понеделникот наутро во близина на Вествуд, Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки завод. Потресот се случил окому 06:25 часот по пацифичко време на длабочина од 5 милји. Според податоците на Американскиот геолошки завод, епицентарот бил 6 милји од Беверли Хилс, 7 милји од Студиото Уиверзал, 7 милји од Санда Моника и 348 милји од Сакраменто. Во изминатите 10 дена во близина немаше земјотреси појаки од 3 степени – вака гласи веста напишана од роботот.


You must be logged in to post a comment Login