Погледнете ги луѓето во рацете и обрнете внимание на нивните прстени. За каква личност станува збор, кои се нејзините маани или доблести, ќе откриете врз основа на кој прст носи накит. Овој избор умее да зборува за внатрешната состојба на една личност и нејзиниот поглед кон светот и животот.
Прстен на показалецот открива амбициозна личност кое го прати мотото “целта ги оправдува средствата“. Без разлика дали станува збор за жена или маж, ваква положба на прстенот означува дека навистина сакаат нивниот потенцијал да биде забележан. Секогаш размислуваат однапред и гледаат во иднината. Сакаат да управуваат со сопствената судбина, но и на другите исто така, и најдобро се чувствуваат кога се моќни и кога нешто или некој зависи од нив. Посебно се чувствителни на критика.
Прстен на домалиот прст, популарен кај старите Римјани бидејќи верувале дека нервот, кој започнува од срцето, завршува на овој прст. Оние кои носат еден прстен на овој прст се исклучително емотивни, силни и сигурни личности. Меѓутоа, оние кои имаат повеќе, ја прикриваат нивната емотивна или креативна фрустрација и неуспех.
Прстен на средниот прст, открива исклучителен материјалист. Самиот прст означува индивидуалност и рамнотежа, и оние кои носат прстен на овој прст тежнеат кон воведување на ред во нивниот секојдневен живот. Во исто време, тоа можат да бидат луѓе кои се алчни за пари и луксузен живот, многу горди на нивниот успех во работата. Истите, можат да се пофалат за добра самоконтрола.
Прстен на малиот прст, открива способна, разумна и чувствителна личност, подготвена за експериментирање. Но, доколку прстенот е голем, се работи за личност која има проблеми со изразување на нејзината сексуланост.
Прстен на палецот носат личности кои секогаш се во потрага по промена. Палецот симболизира снага и волја, па они кои носат прстен на овој прст најчесто се неконвенционални, слободоумни жени кои не се срамат од својата сексуалност.

You must be logged in to post a comment Login