На површина од 25 квадратни километри се наоѓа шпанскиот град Мариналеда, кој брои околу 2.700 жители. Поради фактот кој овој град се нарекува Мека за социјалистите, или Комунистичка оаза во капиталистична пустина, ги привлекува бројните туристи, но и Шпанците кои сакаат тука да се преселат. Жителите на Мариналеда без двоумење го изразуваат своето политичко уверување. Во градот нема големи светлечки реклами и огласи, а зидовите и улиците ги красат графити со пораките за поддршка и солидарност на земјите како Венецуела и Куба.
Улиците пак носат наслови од славни борци за работнички права, а сите одлуки во градот се донесуваат преку демократски пат на неделни состаноци. Додека останатиот дел од Шпанија мака мачи со невработеност, во Мариналеда е остварена скоро потполна вработеност. Просечната плата за вработените изнесува 1.200 ева месечно, а цените за становите и давачките изнесуваат се на се 15 евра.
Сите жители имаат бесплатен интернет, а градот во кој живее 2.000 шители има сјајни спортски содржини и нивното користење е потполно бесплатно, освен базенот за кој се плаќа годишна карта.
Еднаш во месецот во градот се обележува таканаречена црвена недела, кога некој на состанокот изнесе идеја во тоа како градот ви можел да стане уште поубав или подобар. Ако идејата биде прифатена, волонтерите ке ја завршат таа работа. Некогаш се работи и на чистење на улиците или со поправки на куќите. Градот има и своја телевизија и радиоканали, полиција не постои а нема ни криминал.
Во градот жителите сами си градат куќи, а право на градење добива секој жител кој најмалку две години поминал како регистриран жител на Мариналеда. Тогаш од локалните власти жителот добива материјал потребен за изградба на куќа, а откако ќе ја изгради плаќа по 15 ева месечно на владата како би се рефундирале трошоците за користениот материјал. Но освен тоа, властите за помош праќаат професионални луѓе за градење и архитекти кои помагаат во изградбата. Но, еднаш изградена куќа неможе да се продаде, со кое се спречува можност за профитирање.
Хуан Мануел е градоначалник на Мариналеда од 1979 година. Првата борба која жителите на Мариналеда ја поминале кога се осамоставиле и се оделиле за контролирање на водата во седумдесетите години, а ја иницијативата ја потркенал Синдикатот на полопривредени работници SOC со објаснување дека храната е право, а не бизнис. Таа борба лесно ја добиле, а потоа следела потешка борба за земјиштето. Тоа траело околу 12 години, но и жителите се избориле за 1200 хектари земја од андалузиските власти на кои оснивале колектив, а од 2000 година и фабрика.
Градоначалникот на Мариналеда претходната година го искористил својот имунитет како би делувал во поголемите акции за крадење на храна од супермаркетот кои потоа делеле на сиромашните, напоменувајки дека е срамотно тоа што 30 проценти од жителите на Андалузија немаат ни за леб а истовремено храната во супермаркетите се фрла.
Градот кој со својата структура и борба против капитализам привлекува внимание на многу, исто така на многу им претставува и совршено место за живот. Така и навалата за вселување е толку голема што е воведено дури и листа на чекање, па се чека и по две години. До сега во Мариналеда се изградени 350 куќи, а се планира да се изградат уште 250.
httpv://www.youtube.com/watch?v=EhZKKigNQeU

You must be logged in to post a comment Login