Патрик Кисер, инженер по биомедицина на Универзитетот Нортвестерн, неодамна измислил мала направа која би можело да донесе големи промени за интимното здравје на жената.
Изгледа дојде до револуција во контрацепцијата, со новата направа која наскоро ќе се најде на пазарот. Се работи за вагинален прстен, чиј изумител е научникот Патрик Кисер, којшто во иднина ќе ја штити жената од несакана бременост, херпес, но и од ХИВ.
Прстенот делува така што, откако ќе се намести во вагината, испушта антиретровирален лек, односно тенофовир, како и контрацептивно средство, односно левоноргестрел, кои во рок од 90 дена ја штитат жената од сите несакани ефекти од сексот.
Доктор Кисер заедно со своите соработници, работел 5 години на дизајнирањето на овој прстен, водејќи сметка да биде од соодветни материјали, но и многу сигурен.
Земајќи ја во предвид задачата на прстенот да испушта одредени дози супстанци, кои штитат од бременост и од полово преносливи болести, посебен предизвик на целиот тим претставувал самиот дизајн на производот. На крај проектот резултирал со прстен, широк 5,5 см и кој за време на своето делување испушта околу 10 милиграма тенофовир и 10 микрограма левноргестрел.
Научниците веруваат дека прстенот ќе направи револуција во женскиот контрацептивен свет, посебно во земјите во развој. До тогаш се очекуваат првите впечатоци од дамите ширум светот.



You must be logged in to post a comment Login